Замислете дека секојдневно можете да уживате во чоколадните десерти – без каење и грижи за вишокот килограми! Добрата вест пристигнува за сите чокохоличари. Всушност, научниците се на пат да создадат чоколадо кое не дебелее.
Светски експерти успеале да го преполоват процентот на масти во чоколадо, така што путерот од какао и млечните масти ги замениле со овошен сок.
Иако заради тоа чоколадото ќе има малку овошен вкус, овој процес може да се примени на сите видови на чоколадо, пишува Инденпендент.
Испитувањата се сеуште во тек и покрај тоа што “благиот овошен вкус” стана премногу силен, истражувачите веруваат дека ќе може да го ублажат со вода и витамин Ц .
“Дознавме како да го направиме чоколадото поздраво, а сепак да биде ” чоколадо“ . Се надеваме дека прехранбената индустрија ќе ги искористи овие резултатите од истражувањата и ќе употребува овошен сок наместо маснотии”, вели главниот истражувач д-р Стефан Бон.