До поголеми гради со само 4 тајни состојки

Поголеми гради без хируршка интервенција? Да, можно е и дури може да се постигне и здравје. Повеќето жени, а и мажите кога ќе ја слушнат фразата “зголемување на градите” го поврзуваат со пластични операции, силикони и што ли уште не.

Вистината е дека мајката природа ни дала сè што е потребно да се развиваме и да стануваме уште посовршени. Има храна и билки, со кој можеме да поправиме делови од нашето тело без да се подложуваме на скапи операции.

Ова се билките што се признати во областа на денешната тема поради големата содржина на фитоестрогени, пренесува femmes.

Див jaмс

Биолошката активност на дивиот јамс се должи на високата содржина на диосгенин – фитохормон кој го контролира односот прогестерон-естроген кај жените. Диосгенинот синтетизира стероидно соединение DHEA – “хормонот на младоста”, кој го одржува свежиот изглед, штити од излишно дебелеење и од стресни состојби.

Дивиот јамс е исклучително познат по својот стимулирачки ефект врз проширувањето на ткивото во женските гради, што доведува до нивно зголемување и тампонирање на ествествен начин.

Соја

Растението, кое е богато со изофлавони (најмоќниот вид фитоестрогени). Нивното дејствување е целосно аналогно на дејството на естрогените во женскиот организам и не манифестираат несакани ефекти (за разлика од синтетичките естрогени пример, кои се користат во хормонозаместителни терапии).

Aнасон

Помага во рамнотежата помеѓу ендокрините жлезди и размената во организмот. Помага за регулирање на менструалниот циклус и придонесува за обезбедување на навремена овулација.

Хмељ

Научни истражувања спроведени на Универзитетот во Орегон, дошле до заклучок дека хмељот содржи високи дози од природниот антиоксидант ксантохумол, кој не само што го забавува стареењето, но и ја блокира прекумерната активност на хормоните тестостерон и естроген, а на тој начин штити од развој на рак на дојка, јајниците и дебелото црево. Докажано е дека екстрактот од цветовите (шишарка) на ХОПС е богат извор на фитоестрогени и има естрогенски ефект врз организмот.