Диета за мајки, вратете ја фигурата по породувањето

Ако после породувањето не сте задоволни со својот физички изглед, добредојдовте во клубот!Слично незадоволство чувствува секоја трета жена, но тоа не значи дека нештата не можат да се поправат-и тоа до периодот за костими за капење.

Единствен здрав начин за да се ослободите од вишокот килограми е применување на здрави оброци богати со витамини и минерали кои ќе бидат здрави за Вашето малечко, а одлично и ќе ја оформат линијата на „новата“ мама

На пример, јадете сирење но, не полномасно туку од тоа со 1%маснотии, избирајте полизаситени масти наместо монозаситени (Маслинки наместо сланина). Накратко, направете свое дневно мени составено од продукти за кои ќе стане збор по продолжението на текстот. На тој начин нема да имате чувство дека сте присилени да јадете нешто што ви е наметнато, туку само тоа што сами ќе го изберете.

Првилото е едноставно: три оброци плус две ужини составени од одбрана храна ќе ви ги дадат саканите резултати (намалување на килограмите), а квалитетот на вашето млеко нема за биде намален.

И уште нешто: кога ќе го направите распоредот на исхрана, задолжително почитувајте го, а првите видливи резултати можете да ги очекувате после два месеца. Доколку сеуште не сте задоволни, продолжете со диетата додека да ги постигнете саканите резултати.

Вежби за затегнување на стомачните мускули

Вежбите за затегнување на стомачните мускули се задолжителен дел од овој пакет.

Меѓутоа, не би требало да почнете со нивно изведување се додека мускулите не се вратат во првобитна состојба како пред бременоста. (отприлика 1,5 месеци по пораѓајот).

Дали ќе се одлучите да посетувате фитнес центар или дома ќе вежбате, е ваш личен избор во зависност од секојдневните обврски и финансиските можности.

Вежби за зајакнување на карличните мускули

За време на бременоста, најмногу страдаат три групи на мускули: абдоминални, грбот и карлицата. Последните влијаат на можноста за задржување на мокрачата

За нивното зајакнување е потребно да се изведуваат така наречените Кегелови вежби.