Диета за деловни жени

Денес синоним за работен успех е брзината, па заради тоа понекогаш е невозможно да се направи пауза за ручек. Поради тоа, многу од вработените имаат потреба да се хранат со нездрави грицки, како чипс или брза храна, кои даваат чувство на заситеност.

Ефектите на таква исхрана се долгорочни. Зголемување на телесна тежина, појава на масни наслаги и целулит, медицински проблеми кои започнуваат со хроничен замор, а завршуваат со слабеење на имунолошкиот систем, проблеми со кардиоваскуларниот систем и слично.

Од друга страна пак, постојат и вработени кај кои не постои проблем со квалитет на исхрана, тие едноставно не јадат додека не се вратат дома, најмногу поради заштедување на пари, време и зголемен ефект на работното место. Меѓутоа, ваквото однесување е уште поопасно, не само по здравјето, туку и тоа што работниците остануваат без неопходната енергија за да можат да ги исполнат сите обврски кои им се зададени. Резултат на тоа се лошите проценки и грешки.

Организацијата е половина решение

На работното место можете добро да се храните, доколку добро се организирате. За оброците мора да мислите на време, и тоа дома. За многумина е незамисливо да планираат оброци, купуваат производи, ги спремаат и пакуваат. Меѓутоа, сето тоа изгледа покомплицирано отколку што навистина е така.

Појадувајте пред да одите на работа за да бидете заситени неколку часа, а потоа кога ќе огладнете, изедете некој помал оброк претходно дома сте го спремиле. Ви советуваме да си земете сендвич со интегрален леб и ниско калоричен намаз (на пример, паштета од туна и зеленчук) и една чаша јогурт.

dieta 2

Измамете го гладот

Проблем кој посредно се јавува по работните обврски е чувството на замор. Поради тоа, повеќето луѓе кога ќе се вратат дома од работа, не се ангажираат доволно да спремат квалитетна храна, туку повторно се задоволуваат со брза храна.

Решението е во правење освежителни грицки кои ќе го залажат гладот и ќе овозможат енергија за подготовка на квалитетен оброк. Кришка од ’ржан леб премачкан со путер од кикирики и мед ќе ви помогне да издржите до ручек. По желба можете да додадете ситно сецкани парченца јагоди или банани.