Детоксификацијата на телото е феномен кој во последните години како научно истражување го откри степенот на влијанието од токсините врз човечкото тело.
Нашите тела имаат природен систем за детоксификација кој континуирано е во функција, но поради се поголемиот степен на загаденост на храната што ја јадеме, воздухот што го дишеме и козметичките препарати кои ги користиме, овој систем е оптеретен а токсините започнуваат да се натрупуваат.
За постигнување на врвно здравје, долговечност и убавина, потребно е прочистување на организмот од овие токсини. Истражувачите откриле дека природната детоксификација може да се олесни и забрза со вклучување на некои билки. Постојат 4 главни системи кои е потребно да се прочистат:
ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ
Куркумата е една од најдобрите билки за прочистување на црниот дроб. Го зголемува производството на жолчниот сок и до 100%, па со тоа помага во лекувањето на жолчката и растворање на жолчните камења.
Глуварчето е исто така ефикасно во отстранувањето на отпадните материи, како и за стимулирање на жолчката.