Кифозата е засилена физиолошка кривина на рбетниот столб во сагитална рамнина чиј конвекситет (испакнатост) е свртен према назад. Кифозата е подзгрбавеност и таа најчесто е локализирана во градниот (грбниот) дел од рбетот, но може да се појави на други делови. Многу често може да се појави во комбинација и со лордоза и сколиоза, зошто отстапувањата во еден правец задолжително иницираат отстапувања и во друг правец.
Симптоми на кифотичното лошо држење на телото се:
– главата е свиткана према напред, пред вертикалната линија
– рамената се поместени према напред
– зголемена подзгрбавеност во пределот на грбот
– градите се вовлечени
– лопатките се истакнати и одвоени од рбетниот столб
– стомакот е млитав и испапчен
– колената се благо свиткани и во целина поместени према напред
– стопалата многу често се инсуфицијентни