Една неодамнешна студија покажала дека зeмањето белковини од животинско потекло има заштитна функција во зачувувањето на здравјето и на интегритетот на коскеното ткиво кај постарите жени.
Истражувачите од Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија направиле проспективна студија со која пробале да ја потврдат поврзаноста на внесот на белковините од животинско и растително потекло со минералната густина на коските и евентуалниот губиток на коскеното ткиво кај жените помеѓу 55 и 92 години.
Анализата покажала дека има позитивна корелација помеѓу конзумирањето на белковините и минералната густина на коските. Податоците се добиени низ посебни програми за исхрана, а минералната густина е мерена 4 години подоцна.Минералната густина најмногу се зголемила во пределот на кукот но и во пределот на вратот на фемурот (бутната коска), рбетниот столб и целокупниот коскен систем.
Ова откритие има големо значење во смисла на одредување на нови стратегии за превенција и лечење на остеопорозата.