Дали со трчањето се вежбаат и стомачните мускули?

Повеќето луѓе посакуваат да имаат убаво оформени и тонирани стомачни мускули. Но, за да се постигне таквиот изглед, потребно е да се има и добро оформени мускули на колковите и во долниот дел од грбот. Сите споменати мускули, вклучувајќи ги и стомачните, му овозможуваат на телото да се витка и движи нанапред. Затоа, ако се комбинира со основните стомачни вежби, трчањето може да биде ефикасно во постигнување на саканиот изглед.

Трчањето, односно џогирањето е ефикасен начин за да се регулира телесната тежина, да се зајакнат мускулите од долната половина од телото и да се подобри работата на кардиоваскуларниот систем. Трчањето ги вежба голем број на мускулни групи, вклучувајќи го квадрицепсот (предниот надколеничен мускул), задниот натколеничен мускул, глутеусите (мускулите на задникот), листовите и многу други. Кога се трча, целата тежина на телото се префрла од една на друга нога. Улогата на одржување на рамнотежа при ова префрлање на тежината, ја имаат токму стомачните мускули.

Стомачните мускули може да се направат со комбинација на соодветна диета и вежбање. Многу е важно овие две работи да се практикуваат симултано. Просечно, едно-часовно трчање согорува од 490 до 1103 калории, во зависност од брзината на течање и телесната тежина.

Постојат различни теории за начинот на кој треба да се трча за да се зајакнат стомачните мускули. Една од нив вели дека подобри резултати се постигнуваат кога при трчањето, телото е малку наведнато нанапред, со што би се предизвикало поголемо оптеретување на стомачните мускули.

Веројатно најдобра комбинација е при трчањето, да се направи одмор кој ќе се искористи за правење на основните стомачни вежби, а потоа да се продолжи со џогирањето. Многу е важно да не се заборави, дека и правилното седење овозможува константна активност и тонус на стомачните мускули.