Викторија Семјонова, стручњак за природно лечење, ви дава природен рецепт за радикално чистење на цревата.
Земете половина килограм свежи моркови и исто толку сирово цвекло.
Зеленчукот ситно исецкајте го и ставете го во неоштетено емајлирано тенџере. Потоа прелијте го со жешка превриена вода така што водата да биде два прста над зеленчукот.
Потоа додадете по една рака сецкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го тенџерето на оган и почекајте водата да проврие. Веднаш потоа тргнете го тенџерето од оган.
Додадете во течноста една лажица мед и оставете го тенџерето да отстои 12 часа на ладно место. После тоа течноста процедете ја и пијте по половина чаша, три пати дневно.
Чистењето на цревата со помош на овој рецепт трае месец дена, при што течноста треба да ја чувате во фрижидер.