При едно истражување направено на волонтери, мажи и жени, се покажало дека и едните и другите имаат повисока концентрација и степен на размислување откако им бил даден „ресвератрол“, магичната состојка на црвеното вино.
Станува збор за состојка од билно потекло, која досега се покажала како делотворна во намалувањето на маснотиите од храната и во намалувањето на срцевите заболувања.
Научниците веруваат дека ресвератролот го зголемува дотокот на крв во мозокот, па поради тоа, една чаша црвено вино може да ни помогне подобро да размислуваме.
Освен во виното, ресвератролот се наоѓа и во малините, боровинките и кикириките. Некои студии, оваа состојка ја поврзуваат и со успорување на стареењето, намалена опасност од ракот, дијабетесот и Алцхеимеровата болест.