Благодарение на ГМО инженеринг научниците одгледаа црни домати кои содржат повеќе антиоксиданси , а се користат превентивно кај дебелината и дијабетесот.
Веќе се одгледуваат виолетови моркови и жолти тикви, а нов кулинарски хит станаа и црните домати, кои наводно се поздрави од претходните варијанти на овој зеленчук. На почетокот на созревањето имаат зелена боја, како и “нормалните” домати.
Сортата на црните домати први ја произвеле американските научници од Универзитетот во Орегон, а благодарение на ГМО манипулациите во неа го зголемиле нивото на антоцијани, антиоксиданси кои на овошјето и зеленчукот му ја обезбедуваат пурпурната боја.
Овој антиоксиданс, има анти-воспалителен ефект, го забавува стареењето, но дејствува и превентивно на дијабетесот и дебелината. Поради ова, многумина ги нарекуваат супер домати.
Во САД веќе може да се купи, а во ЕУ сега само што почна да се одгледува. Иако постојат многу сорти, кои се добиени со вкрстување на домашните и диви видови црвени домати и добиени се црни, но “Индиго ” доматите се единствените вистински, истакнуваат научниците.