Лукот,сигурно спаѓа во најздравите видови храна, и популарни народни лекови. За него се напишани книги, а нема куќа која нема барем една главица лук. Дознаете малку повеќе за оваа чудесна билка и ќе ви откриеме феноменален рецепт.
Покрај тоа што со векови се верува дека лукот ја штити куќата од зли сили и дека тој бил моќно оружје во борбата против вампири, лековитите својства на лук се неоспорни. Може да се користи свеж, варен, или во прав. На возрасните дури им се препорачува за општата здравствена состојба да јадат по едно чешне лук два до три пати на ден, додека на децата се препорачува четвртина чешне еднаш до двапати на ден. Покрај тоа што со него вашите јадења ќе добијат совршен вкус она поради кое најмногу го сакаме се неговите лековити својства. Еве некои за кои сигурно не сте слушнале.
1. Докажано е дека лукот потпомага бебето во утробата да добие поголема тежина и затоа доколку сте бремени навалете на лукот, освен ако претходно сте раѓале крупно бебе.
2. Лук зголемува имунолошкиот систем и е силен борец против инфекции на градите, го олеснува дишењето и кашлањето. Во зима лукот е одличен за спречување на грип и настинки, а еден стар народна лек вели дека на првиот знак на настинка натопете чешне лук во мед и изедете го. Бабите и за ова биле во право.
3. Ова растение содржи големи количини на јод, што го прави многу ефикасен лек во борбата против хормонални нарушувања. Докажано е дека лекувањето со лук е многу ефикасно.
4. Наместо да трошите пари на виагра и други лекови за импотенција кои многу лошо може да влијаат на вашето здравје, обидете се вашата состојба да ја излечите со лук, кој важи за многу моќен афродизијак.
5. Kaрдиоваскуларните болести може да се спречат или да се намалат со јадење на лук. Лошиот холестерол не го сака лукот, а се верува дека дури и таложењето на наслаги во вените, исто така, може да се намали со помош на ова чудотворно растение.
Лукот без проблем ги лекува и габичните и вагиналните инфекции. Всушност, лукот испушта алицин состојка која е важна и влијае како природен антибиотик.
Се верува дека војниците во Првата светска војна го гмечеле лукот и со него ги лечеле инфицираните рани.
Лукот е одличен извор на витаминот Б6, кој е неопходен за одржување на имунолошкиот систем и доброто расположение. Тој е одлична превентива за многу канцерогени заболувања, а познато е дека го регулира крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.