Мажите кои што умерено консумираат чоколадо имаат намален ризик за појава на мозочен удар, велат научниците.
Истражувачите од Шведска анкетирале повеќе од 37 000 мажи помеѓу 49 и 75 години по однос на храната која што ја внесувале. Во следните 10 години, 1 995 мажи го имале првиот мозочен удар.
Мажите кои што најмногу консумирале чоколадо имале за 17% намален ризик за мозочен удар за разлика од оние кои што воопшто не го вклучувале чоколадото во својата исхрана.
Авторите на студијата велат дека ова е прва студија која што пронајде дека чоколадото носи придобивки по однос на намалувањето на мозочните удари кај мажите.
Се верува дека придобивките може да бидат резултат на антиоксидансите кои што се присутни во чоколадото како и на флавоноидите кои што имаат антиифламаторни карактеристики и соодветно спречуваат создавање на тромби.