Резултатите од неодамнешните истражувања на германските научници предизвикаат голема расправа бидејќи ги променија досегашните сознанија за благотворноста на зелениот и црниот чај во намалувањето на крвниот притисок. На тоа поле, се’ чини подобро е какаото.
Сознанијата се добиени на основа на анализа на претходно добиените истражувања од Архивот за интерна медицина кој го објави американското лекарско здружение.
Намалувањето на крвниот притисок меѓу учесниците кои конзумирале какао производи најмалку две недели било во размери кои се постигнуваат со употреба на лекови вообичаено пропишани за контролирање на високиот крвен притисок, но немојте да претерувате со чоколадо и слатките бидејќи шеќерот, маснотиите и калориите кои ги содржат овие слатки задоволства може да предизвикаат други здраствени проблеми.
Уживајте во благодетите на зелениот чај, а неговиот карактеристичен вкус засладете го со неколку коцки црна чоколада.