Чоколадирани банани на стапче

Вкусен десерт кој се подготвува за само неколку минути. Вкусните банани пред да ги пресечете на половина ставете ги малку во замрзнувач, а потоа набодете ги на стапчиња од сладолед .

Во микробранова растопете чоколадо во огноотпорен сад. Со чоколадото прелијте ги бананите по целата нивна површина и украсете ги со шарени чоколадни бонбони додека чоколадото е се уште топло. Штом завршите со декорирање, повторно вратете ги бананите во замрзнувач околу 10-тина минути.

Наместо со бонбони, бананите можете да ги декорирате со мелени бисквити, мелени ораси или кои било други јатки мелени или сечкани.

Ова е одлична идеја за да го поттикнете детето да јаде колку-толку поздрава ужина од готовиот сладолед.

chokoladirani banani

Вистинско чоко-банана уживање и за мали и за големи деца.