Брезата е една од најдобрите диуретични билки, со многу силно дејство. Од пупките и листовите на брезата се припрема чај, кој е еден од најдобрите природни диуретици. Тој помага во исфрлањето на вишокот на водата од организмот, помага во намалувањето на отоците, кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите.
Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тој помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото. Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта.
Чајот од брезовите лисја не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој посебно се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање.
Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла кислеината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест.
Во пролет, кога ќе почнат да циркулираат соковите, се пробушува дупка во брезовото стебло. После тоа , дупката се затвара со дрвен клинец. Од едно стебло може дневно да се собере околу 4- 5 литри сок, а околу 170 литри во сезона. Честото бушење на едно исто стебло штетно делува на дрвото, му се намалува отпорноста према габичните инфекции. Брезовиот сок е богат со шеќер, па доколку го загреваме до вриење, се добива брезово вино.
Сокот и виното од бреза се одличен природен лек за лекување на атеросклероза, гојазност, бубрежни каменчиња и други бубрежни заболувања.
Природни рецепти од бреза
Чај против водена болест:
5 g листови од бреза, 5 g рузмарин, 5 g листови коприва, 10 g коњско опавче (equisetum arvense) и 10 g листови од боровинка. Една лажица од оваа мешавина се прелива со 2 децилитри врела вода. Оладениот чај може да се заслади со мед.
Чај против ревматизам и гихт:
Применете иста количина на листови од бреза, листови коприва и кора од крушина (Rhamnus frangula). Чајот пригответе го и пиете го исто како и во претходно наведениот рецепт.