Овој пијалок го пласираше бизнисменот Дејв Аспреј и за еден момент го „запали“ светот. Тој го нарекол “Buletproof” кафе. Иако миксот е многу калоричен, тој наводно прави чуда за симнувањето на килограмите. Аспреј тврди дека со него ослабел 40 килограми.
Една шолја од ова кафе содржи од 200 до 500 калории и 45 до 65 отсто незаситени масти. Служи како замена за оброк и после него нема да бидете гладни во следните три часа. Исто така, го продолжува ефектот на кофеинот, па една шолја од ова кафе ќе ве држи будни дури до 6 часа, а нема ни нагло паѓање на енергијата штом кофеинот ќе исчезне.
Оригиналната верзија на овој пијалок е направена од зрна кафе со помалку токсини, несолен путер добиен од крава која се храни исклучиво со трева и од кокосово масло. Не очајувајте што е едноставно невозможно да се најдат овие состојки кај нас – постојат и други комбинации.
Од разните верзии, оваа е можеби највкусната и лесно ќе ги најдете состојките.
» 1 лажичка нес кафе
» ½ лажичка какао или неколку капки арома од ванила
» 1 дл бадемово млеко
» 1 дл зовриена вода
» 1 лажичка органско кокосово масло
Во шолјата ставете го несот и какаото и додадете ја водата. Изматете со миксер за нес кафе, а потоа додадете топло бадемово млеко. На крајот ставете една лажичка кокосово масло. Запомнете – ова е замена за оброк.
Доколку го пиете овој пијалок и покрај него се храните нормално, многу брзо ќе забележите промена во телесната тежина. Ова всушност е двоен ефект, за оние кои сакаат да изгубат некој килограм, како и за оние кои сакаат да се здебелат – помага за слабеење (ако се зема како замена за оброк) или за дебелеење (ако се пие со оброк).
