Негативните емоции и стресот се најчести причинители за зголемен апетит, но во „кризните“ моменти никако не треба да се посегнува за храна. Освен што ќе внесете непотребни калории, ќе стекнете лоша навика нервозата да ја потиснувате со храна. Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да го елиминирате гладот…
1. Пијте вода
Доколку испиете чаша вода, после десетина минути чувството на глад ќе се намали. Меѓутоа, избегнувајте да консумирате сокови, чаеви и вода за време на оброкот, бидејќи на тој начин ќе го намалите дејството на ензимите и киселините кои учествуваат во варењето, па за брзо време после оброкот ќе почувствувате глад.
2. Јадете зелен зеленчук
Продуктите како што се зелената салата ,зелка, кељ или брокула имаат многу малку калории, поради што се многу посакувани на трпезата.
3.Изедете јаболко
Наместо да посегнете по слатки земете јаболко, бидејќи тоа е едно од најефикасните продукти за „итно гаснење на апетитот“. Ова овошје дава чувство на ситост, а не содржи многу калории. Јаболката ефикасно го сопира гладот бидејќи се богати со растителни влакна, кои го регулираат лачењето на хормоните задолжени за апетит .Јаболката содржат природни овошни шеќери кои го одржуваат оптималното ниво на гликоза во крвта и ги спречуваат нападите на глад.
4. Банана за ужина
Ова овошје содржи материи гои го регулираат варењето на храната и имаат ниска содржина на маснотии(100 гр. банана содржи 0,5% масти), но моментално создава чувство на ситост, па е идеална за намалување на гладот. Содржи само 90 калории и сварливи јаглени хидрати, а притоа е одличен извор на калиум и други минерали кои помагаат за нормално функционирање на нервите и мускулите.