Го избегнувате сексот со Вашиот партнер затоа што ве боли? Се срамите да му кажете за да не го повредите? Воопшто не уживате во сексот и тоа го правите ретко и само за да го задоволите партнерот? Имате проблеми со болниот сексуален однос, а сеуште ништо не сте превземале?
Ние ви претставуваме неколку гинеколошки состојби кои можат да доведат до болен сексуален однос кај жената. Ако имате некои од овие проблеми веднаш посетете лекар, бидејќи не само што тој ќе најде решение за Вашата состојба туку и ќе почнете да уживате во сексот заедно со Вашиот партнер.
Болка во мочниот меур – Симптом на урогенитална инфекција
Во текот на сексуалниот однос, многу жени чувствуваат болка во пределот на мочниот меур, а исто така и неодолива желба за уринарење. Доколку за време на односот со Вашиот партнер чувствувате болка во мочниот меур и потреба за уринирење најверојатно се работи за урогенитална инфекција. Посетете лекар, тој ќе ве советува што да превземете за да го спречите ширењето на инфекцијата.
Остра болка во долниот дел од стомакот – Симптом за ендометриоза
Доколку повремено за време на сексот чувствувате убодна болка во пределот на долниот дел од стомакот, тогаш најверојатно имате проблем со ендометриоза. Лекувањето на ендометриоза воопшто не е лесно и едноставно, па ако имате вакви симптоми, не двооумете се да посетите гениколог.
Болки на срамните усни на вагината – Симптом за воспалени Бартолиниеви жлезди
Дали имате болки на срамните усни на вагината за време на сексот? Имате непријатно чувство, а усните изгледаат како да се отечени? Тогаш најверојатно имате проблем со воспаление на Бартолиниевите жлезди на срамните усни на вагината. Ова чувство е многу незгодно, усните се болни на допир и желбата за секс ја нема, затоа јавете се на гинеколог. Проблемот не е многу едноставен, но не е ниту многу сериозен. Потребно е да се направат неколку брисови, а терапијата е најчесто антибиотска. Понекогаш по потреба се прават и хируршки дренажи.
Отежната пенетрација – Симптом на миом
Додека имате однос со партнерот имате чувство како отежната и многу болна пенетрација. Освен тоа имате болен менструален циклус, а често и некои остри болки во грбот. Задолжително посетете лекар. Симптомите можат да укажуваат на бенигни промени така наречени миоми. Процедурата на лекување во зависност од миомите ќе ви ја одреди Вашиот гинеколог.
Воспалена вагина – Симптом на кандида
Ова е една од најчестите причини зошто на жените не им е до секс. Секоја помисла на секс, наместо позитивно чувство им создава лошо чувство, односно чувство на одбивност. После односот вагината е црвена, многу болна и имате чувство како да гори. Ова се симптоми на кандида и мора да се провери на лекар. Можете веднаш вагината да ја измиете со сода бикарбона, но на лекар морате да се јавите. Габичните инфекции се тврдокорни, но доколку сакате да продолжите да уживате во сексот, тогаш бидете упорни и следете ги упатствата на Вашиот гинеколог, како и редовното земање на препорачаната терапија.
Болка во пределот на јајниците – Симптом на цисти
За време на сексуалниот однос чувствувате остра и отсечна болка во јајниците, во левиот и во десниот или поединечно? Тогаш најверојатно се работи за цистични промени на јајниците. Морате да посетите гинеколог. Некои цисти со текот на времето ги снемува. Сепак лекарот е тој што ќе одлучи дали ви е потребна терапија или не. Доколку од било која причина почнете да чувствувате болки за време на сексуалниот однос, тогаш време е да отидете на гинеколог, но пред да отидете на лекар кажете му се отворено на Вашиот партнер. Тој нема да ве осуди, ниту пак ќе престане да ве сака. Доколку му го признаете проблемот на партнерот и тој ја сфати причината зошто ги одбивате сексуалните односи со него, само ќе ви помогне да истраете во процесот на терапија и вие многу полесно ќе го надминете тоа.