Бојата на ѕидовите на спалната соба, мебелот, завесите и постелнината влијаат на сексуалната желба, покажа едно британско истражување во кое учествувале 2 000 испитаници.
Паровите чија спална соба е обоена во виолетово најмногу уживаат во сексот т.е имаат сексуални односи во просек дури 3,5 пати неделно, покажуваат резултатите од истражувањето.
Исто така и розевата, плавата и црвената боја се одлични афродизјаци велат научниците, тие додаваат дека и црната е одличен афродизјак според резултатите, за разлика од сивата која се наоѓа на последните места.
Јорганот и свилената постелнина делуваат стимулативно за сексуални игри, велат научниците и додаваат дека паровите кои спијат на свилена постелнина неколкукратно повеќе водат љубов за разлика од оние кои спијат на памучна.