Топли бранови, ноќно потење, несоница, сувост на вагината, инфекција на уринарниот тракт, страв, недостаток на енергија, болки во зглобовите …
Овие и многу други нарушувања се некои од симптомите кои ги имате почувствувано ако сте ги поминале четириесеттите години од вашиот живот.
За тие симптоми одговорен е „хормонскиот вител“, која се јавува во – перименопауза.
Кај некои жени хормоните се зголемени, додека други чувствуваат поблаги проблеми и за нив менопаузата нема да претставува поголеми тешкотии.
Според списанието на Северна Америка „Journal of the North American Menopause Society “, објавено во текот на летото на 2006 година, девет од десет жени ги чувствуваат некои од дури дваесет симптоми кои му се припишуваат на овој период од животот.
За да им помогнат на жените, американските научници кон средината на минатиот век го дизајнирале синтетичкиот естроген како замена за природниот.
Се верувало дека синтетичкиот естроген ја одложува остеопорозата, ги спречува срцевите заболувања и ракот на дебелото црево.
До седумдесеттите години се сметаше за чудесно помагало, но потоа беше откриено дека го зголемува ризикот од рак на дојка.
Тогаш е синтетизиран вештачкиот прогестерон, како идеален партнер на синтетичкиот естроген и се создаде комбинацијата позната како ХРТ (хормонска заменска терапија).
На прв поглед, оваа терапија на многу жени им даде ново значење на животот.
Но, не за долго. Поновите истражувања ја поврзуваат со зголемен ризик од Алцхајмеровата болест, мозочен удар, формирање на тромб во крвта, рак на дојка и рак на ендометриумот, особено ако третманот се зема долго време .
Поради несакани ефекти кои може да се случат за време на хормоналната заменска терапија, како и нејзините штетни ефекти, многу жени се повеќе се одлучуваат за природна заменска терапија.
Таа вклучува висок внес на храна познати како фитоестрогени, кои ги имитираат женските хормони.
Фантастични фитоестрогени – најновата хит природна медицина
Фито значи растителни, а фитоестрогени значи естроген од растенија.
Дали сте знаеле дека целиот свој живот јадеме фитоестрогени, иако не сме свесни за тоа и дека ги имаме занемарено поради модернизацијата на прехранбената индустрија?
Познати се околу 300 растенија кои содржат естроген во мали количини.
Иако не можат да ја задоволат потребата за естроген кој природно, со текот на времето, исчезнува во телото ако се земаат секојдневно и во соодветни количини, фитоестрогените може да имаат позитивни ефекти врз физиолошките и психолошките симптоми поврзани со менопаузата.
Со фитоестрогени особено е богата исхраната на јапонските жени, па затоа за нив симптомите на менопаузата речиси целосно се непознати.
Во 1998 година, во списанието за акушерство и гинекологија, беше објавено дека сојата помага во ублажување на топлотните удари, а научниците од Универзитетот за клиничка исхрана „Дан“ во Кембриџ, покажаа дека фитоестрогените може да ги балансираат хормоните.
Денес, речиси секој ден во истражувачките центри и клиниките се вршат истражувања кои ја вклучуваат фитоестрогени.
Се повеќе се користат како природно решение за неподносливите симптоми на менопаузата, како и кај хормоналниот рак на дојка и рак на простата.
Во исто време, се набљудуваат во контекст на природни лекови за остеопороза и срцеви заболувања и крвните садови, кое добија размер на епидемија.
Напомена
Во книгата храна на 21 век објаснето е дека храната, како брокула, зелка, кикирики и борови ореви, иако многу здрава, не се препорачува за луѓе со нарушена тироидна жлезда.
Оваа храна ја попречува апсорпцијата на јод во организмот.
Се чини дека во оваа група на храна треба да се вклучи и сојата, поради истиот ефект. Некои истражувања покажуваат дека изофлавоните од сојата може да ја влошат тироидната жлезда, и тоа така што ја намалуваат концентрацијата на слободниот тироксин, хормон кој е значаен за здраво функционирање на тироидната жлезда.
Сепак, овој вид на храна не влијае на тироидната жлезда кај здравите индивидуи.
Од витално значење е дека без разлика дали јадеме соја или не, да обезбедиме доволно внес на јод преку храната.
Храна богата со јод е:
-морски алги
-спанаќ
-бритва
-лук
-сусам
-аспарагус