
Дури и после оброк, веќе за 20 минути ви кркорат цревата? За да го избегнете непријатното чувство и неконтролираната потреба повторно да јадете, земете следниот пат една банана.
Ова јужно овошје е пребогато со здрави влакна и јаглени хидрати кои го стимулираатметаболизмот и даваат чувство на ситост.
Овие пет рецепти кои Ви ги предложуваме се доволни за брзо да го игнорирате чувството на глад.
Банана салса
Ова е извонреден начин да направите вкусен оброк: 2 банани, 2 лажични мелен црн лук, лажичка мелен бибер, кафен шеќер и сол во зависност од вкусот. Овој прелив можете да го прелиете преку риба, свинско месо или други видови на меса кои ги спремате.
Печена банана
Исецкајте ја бананата на кришки, потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Попрскајте ги кришките од банана со лажичка кафен шеќер и печете ги во рерна 2-3 минути. Кога ќе ги извадите бананите од рерна, зачинете ги со цимет. За екстра уживање, можете да додадете неколку капки рум.
Банана микс
Во блендер ставете една банана, една шолја млеко, пола шолја ладно нес кафе, 2 лажички шеќер, и пола шолја коцкички од мраз. Измиксирајте ја смесата и уживајте во овој свеж напиток.
Салата од тропско овошје
Очистете една средна банана, додајте кива и една рака ананас. Исцедете преку овошјето четвртина сок од лимон.