Банана фреш, најдобрата домашна маска за сува кожа

Лесна и едноставна маска за лице која не бара посебни подготовки. Едноставно земете еден плод банана и исечете го на тенки кругчиња и покријте го целото лице. 

Уживајте сами во вашата спална соба во комбинација со миризливи свеќи и убава музика. По дваесет минути извадете ги кругчињата од лицето и ќе почувствувате неверојатна разлика. Резултатот е мазна и мека кожа. Повторувајте ја маската почесто за да ги добиете посакуваните резултати.