Артичока: За подобро варење и здрави црева

Артичока е зеленчук кој одамна важи за симбол на здраво варење и силен дигестивен систем.

Дали некогаш после оброк си почувствувал тежина во стомакот или проблеми со варењето? Ако бараш природен начин да го подобриш варењето и да се грижиш за твоето гастроинтестинално здравје, артичоката е вистинскиот избор. Овој зеленчук не само што е вкусен, туку и полн со нутриенти кои го поддржуваат цревниот систем и помагаат во оптималното апсорбирање на хранливите материи.

Богата со влакна за здраво варење

Артичоката е богат извор на растворливи и нерастворливи влакна. Влакната помагаат во регулирањето на столицата, го намалуваат ризикот од запек и создаваат здрава цревна флора. Истовремено, влакната помагаат во стабилизирање на крвниот шеќер и холестеролот, што ја прави артичоката вистински супер зеленчук за секојдневна исхрана.

Поддршка за цревната флора

Артичоката содржи инулин – природен пробиотик кој служи како храна за добрите бактерии во цревата. Ова ја одржува здрава цревната микрофлора и го подобрува варењето на храната.

Лековити соединенија за црниот дроб

Активните соединенија како цинарин и силимарин кои ги содржи артичоката го стимулираат лачењето на жолчката. Зголеменото производство на жолчка помага при варењето на мастите и го намалува чувството на тежина по оброк. Покрај подобрување на варењето, артичоката ја поддржува функцијата на црниот дроб, што помага во природна детоксикација на телото.

Како да ја вклучиш артичоката во исхраната

Можеш да ја консумираш артичоката на различни начини за уживање и поддршка на варењето:

  • Подготви ја на скара или печена – вкусен и здрав прилог.
  • Додај ја во салати или супи – за дневен внес на влакна.
  • Испробај чај од артичока – природен начин за олеснување на дигестијата.

Важно е да знаеш дека овие опции се одлични за уживање и збогатување на хранливоста на оброците со нов вкус, но не делуваат како лек.

За вистински ефект врз гастроинтестиналното здравје, се препорачува само како екстракт од артичока со точна доза од 300 мг – дневно, кој обезбедува терапевтска количина на активни соединенија како цинарин.

Овој екстракт ја поддржува функцијата на црниот дроб и варењето на мастите на научно докажан начин.

Nature Essential – Artichoke е најдобрата природна формула за чистење на организмот и враќање на балансот. Чувствувај се полесно, живеј поздраво и уживај во празниците без грижи!

Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.

Може да нарачате ONLINE Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот) Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!