Арганово масло – еликсир од дрвото на животот

Се нарекува и „Дрво на животот“, бидејќи е  корисно за здравјето: Аргановото масло се користи како заштита од тешки временски услови (силен ветер и сонце), за нега на чувствителната детска кожа, лекување на егзема , превенција од стрии во текот на бременост и за масажа кај ревматоиден артритис.

Aрганово масло  е антиоксиданс, ги содржи витамините Ц и Е, кои ја прават кожата поздрава и поубава. Витаминот Е и есенцијалните масни киселини ќе ви помогнат во нега на сува кожа Одлично е како крема и поради изобилството на масни киселини кои имаат големо влијание врз тенот. Може да го спречи појавувањето на стрии, но и да ја намали  видливоста на постоечките стрии.

Луѓето со лоши навики, како што се пушењето или прекумерното изложување на сонце без заштитни фактори, исто така, би можеле да имаат корист од аргановото масло. Лузните и изгорениците може да се намалат или дури и целосно да се отстранат со помош на аргановото масло. Аргановото масло ја регулира pH вредноста на кожата и помага во заштита од факторите кои можат да предизвикаат непоправлива штета. Состојките на аргановото масло, исто така ќе ви помогне во нега на мрсната кожа.

Тоа помага во олеснување на псоријаза и егзема. Го намалува количеството на себум во телото, што значи дека може да ги спречи и да ги излечи акните. Исто така ќе ви помогне и во отстранување на лузните предизвикани од акни.

Аргановото масло ги подмладува клетките на кожата, и дава еластичност на кожата,  го забавува стареењето на кожата и формирањето на брчки. Тоа е одлично за кожата околу ноктите. Ноктите ќе станат посветли , а кожата околу ноктите помека.

Одлично е за хидратација на кожата пред нанесување на шминка. Ставете една или две капки масло на лицето  најмалку 5 минути пред да ја нанесете шминката.

Арганово масло може да се користи после бричење или депилација за да се намали иритацијата на кожата.

Арганово масло за коса

Аргановото масло ги „Verdany“ ja хидрира косата и ја прави мека и мазна. Како што аргановото масло  влегува во косата , така ја подобрува еластичноста и го стимулира растот на косата. Поради антиоксидантните својства аргановото масло ги регенерира клетките на косата, а со тоа го намалува оштетувањето. Одлично е за сите типови коса.

И помага на косата да се опорави и да го врати сјајот. Ја штити косата од штетните хемикалии и фенирањето. Одлично е за нега на косата во текот на целата година, особено во зимскиот и летниот период, бидејќи тогаш е изложена на зголемени штетни влијанија.

Боењето на косата предизвикува одредено оштетување, ја прави кревка и ја одзема мекоста и сјајот. Аргановото масло  ќе го спречи оштетувањето на косата, но , исто така, ќе го продолжи и траењето на бојата. Тоа е богато со омега 3 и омега 9 масните киселини, поради кои ја храни косата од врвите  до коренот. Ја подобрува јачината на косата и го спречува пукањето на влакната.

Како да го користите Аграновото масло:

Лице:

Кога го користите аграновото масло прв пат, почнете со примена на маслото само ноќе. Кога вашата кожа ќе почне да ги чувствува придобивките од аргановото масло тогаш можете да го користите почесто и да ја хидрирате кожата на лицето со него двапати дневно, ако вашата кожа бара дополнителна влага.

За почеток:

Нанесете мала количина на арганово масло (една или две капки) на вашето лице и нежно масирајте ја кожата. Маслото нека продре длабоко во кожата, а потоа нека се исуши.

Аргановото масло е неверојатно лесно и лесно продира во кожата, оставајќи  свилно и мазно чувство.

Аргановото масло има многу користи, па дури  може да   го спречи и пукањето на усните,  можете да ги мачкате со мала количина на масло и усните да ги направите мазни.

Ова масло е идеален после секое изложување на сонце, сепак, важно е да се има предвид дека  не треба да се нанесува арганово масло пред или за време на сончањето.

Argan_Baner_V2

Дневна нега на кожата: 

Постојат три основни чекори кои секој треба да ги направи за да ја одржи убава кожата.

Чистење на кожата- исчистете го лицето, вратот и деколтето наутро и навечер пред спиење за да ја отстраните нечистотијата и вишокот на маснотии . Овој процес помага регенерација на клетките, и е важен фактор во намалување на брчките и во борбата против стареењето.

Пилинг – Постојат многу методи за пилинг. Тој може да го отстрани горниот слој од кожата, т.е. мртвите клетки. Поумерена форма на пилинг е да  користите неколку капки арганово масло, растворете го со вода и масирајте го лицето користејќи крпа од муслин , а потоа исплакнете го со чиста вода, и, конечно, нежно избришете го лицето се додека не остане суво и меко . Ви препорачуваме да направите пилинг најмалку еднаш неделно.

Измачкајте ја кожата – користете чисто арганово хидрирачко масло за кожа  пред спиење. Дури и ако вашата кожа е мрсна, , ќе ги почувствувате предностите од користењето на  квалитетно арганово масло. Колку често треба да ја  хидрирате кожата? Вашата кожа ќе ви го даде одговорот. Нанесете го наутро и пред спиење на сува кожа. Аргановото маслото  на мрсна кожа нанесувајте го во многу мали количини за да не ги затнете порите.

Тело:

После капење нежно измасирајте ја кожата со арганово масло. Тоа е совршено за спречување на стрии, затоа што маслото е лесно и лесно се апсорбира од страна на кожата. Аргановото масло ќе ви помогне во заштита на еластичноста и убавината на вашата кожа, и  во борбата против првите знаци на стареење.

Коса: 

За да го користите аграновото масло на вашата коса, ставете мала количина  од маслото на дланките  , а потоа поминете ја косата почнувајќи од врвите кон коренот. Можете да  ставите топла крпа и по 20 – 30 минути да се исплакнете. Ако страдате од сув скалп и првут, скалпот масирајте го со аграново масло . За сува коса, оставете го  маслото повеќе од половина час, или ако вашата коса е многу сува, оставете го преку цела ноќ и измијте го со нежен шампон. Повторете го овој процес еднаш или двапати неделно за да имате свиленкаста, мазна, сјајна и неодолива коса .

Раце и нокти: 

Втријте мала количина на арганово масло на рацете и кутикулите, особено пред спиење. Ова ќе ги зајакне слабите и кршливи нокти, и ќе ви помогне да имате  мазни и младешки раце.

Ефектот на аргановото масло:

Исклучителното дејство на аргановото масло потврдено е од страна на различни лаборатории : за регенерација на хидролипидниот слој на кожата, зголемен процент на хранливите материи во клетките на кожата, стимулирање на интрацелуларната оксигенација, неутрализација на штетните слободни радикали и заштита на сврзното ткиво.

Аргановото масло содржи многу високи количини на незаситени масни киселини, вклучувајќи и линоленска киселина, која ја штити и регенерира кожата. Масните киселини, исто така, ја стимулира интрацелуларната оксигенација, која помага во обновување на основната рамнотежа на водата и липидите во хидролипидниот слој на кожата. На овој начин се спречува сушењето на кожата и губење на еластичноста, со што се спречува настанување на брчки, па така кожата станува мека и затегната.

Перформансите против појавата на брчки се зголемува како резултат на присуството на големи количини на витамин Е (токоферол), кој е познат како најмоќен биолошки антиоксиданс и како таков ги неутрализира слободните радикали. Исто така, витаминот Е го заштитува клеточните мембрани од липидна оксидација, а со тоа се забавува процесот на стареење, како и регенерација на лузни на оштетената кожа.

Во комбинација со дополнителни растителни и етерични масла со слично дејство, може да се добијат моќни потентни мешавини со чија помош, со редовна употреба, брчките и лузните можат да бидат значително намалени. Важно е да се знае дека користењето на природните, нерафинирани масла, како што е арганот, посакуваните резултати траат многу долго, бидејќи самите состојки им одговараат на таквите производи и многу се слични (или исти) на состојките кои се наоѓаат во хидролипидниот слој на кожата. На овој начин, се поддржува регенерацијата на кожата.

Аргановото масло не ги затнува порите и многу брзо се апсорбира, така што нема да остави голем белег кога ќе се нанесе на лицето. Ако го користите како дневна нега, најдобро е прво да се нанесе соодветен хидролат на лицето и да се намачка маслото, додека кожата не се исуши целосно. Така всушност, на лицето нанесувате крема без емулгатори, со оглед на тоа дека кожата добива масна и водена фаза (која се основни состојки на секоја крема).

Арганот можете да го користите за цел спектар на проблеми со кожата, како и разновидноста на негата на кожата. Во прилог на гореспоменатите мерки против брчки и излечување на лузните може да се користи:

  • Кај иритација и воспаление на кожата.
  • За нега на мрсна кожа, поради го регулира лачењето на себумот.
  • За спречување на стрии во текот на бременоста.
  • За зајакнување на кршливи нокти.
  • При третман на егзема и псоријаза.
  • За сјај на косата, зајакнување на растот на косата и ја заштитува косата од оштетување.
  • За нега на чувствителна детска кожа.