При бременост може да се развие анемија. Кога имате анемија, вашата крв нема доволно здрави црвени крвни клетки за да носи кислород во ткивата и на вашето бебе. За време на бременоста, вашето тело произведува повеќе крв за поддршка на растот на вашето бебе. Ако не добивате доволно железо или некои други хранливи материи, вашето тело можеби нема да може да произведе количина на црвени крвни клетки што ја проиѐведуваат оваа дополнителна крв. Нормално е да имате блага анемија кога сте бремени. Но, може да имате потешка анемија од ниски нивоа на железо или витамини, а тоа е опасно и штетно и за мајката и за бебето и може да го зголеми ризикот од сериозни компликации како предвремено породување.
Еве што треба да знаете за причините, симптомите и третманот на анемијата за време на бременоста
Симптоми на анемија за време на бременост:
Бледа кожа, распукани усни и кршливи нокти;
Постојан замор;
Вртоглавица;
Недостаток на здив;
Брзо чукање на срцето;
Недостаток на концентрација;
Ризици од анемија во бременоста
Тешка или нетретирана анемија со дефицит на железо за време на бременоста може да го зголеми ризикот од:
Предвремено породување или бебе со ниска родилна тежина;
Трансфузија на крв (ако изгубите значително количество крв за време на породувањето);
Депресија;
Бебе со анемија;
Пречки во развојот на бебето;
Третман за анемија
Ако сте анемични за време на бременоста, можеби е време да започнете со земање на додаток на железо и / или додаток на фолна киселина во дополнение на вашите витамини.
Како да го намалите постојаниот замор
Вашата бременост може да биде возбудлива, но понекогаш претставува досадно искуство. За да можете целосно да уживате во овој посебен период, треба да ја зголемите енергијата со внесување доволно железо во организмот. На идната мама испукани усни, кршлива коса, постојан замор не се на листата на желби. Тие, сепак, се дел од контролни знаци на недостаток на железо, што е честа појава кај бремените жени.
Биоферил – природен додаток на исхрана со огромно количество на железо
Железото е потребно за производство на хемоглобин, хемикалија која го транспортира кислородот во крвта. Голем број на стресни симптоми може да укажуваат на недостаток, но тешки случаи може да доведат до анемија, целосна исцрпеност и ослабен имунолошки систем. Здрава, урамнотежена исхрана со храна богата со железо ќе ви обезбеди поголемо количество железо кое ви е потребно за време на бременоста. Ова треба да вклучува посно месо, зрнест зеленчук како што се грашок, грав и леќа; овошје, како што се сливи, кајсии и суво грозје; и темно зелен лиснат зеленчук како спанаќ.
Доколку имате недостаток на железо, се јавува проблем при внесување доволно количество железо за вас и за бебето, само од избалансирана и здрава исхрана. Биоферил е овде да ви помогне во тоа… Биоферил содржи органски железен глуконат, а неговата лесно апсорпција во телото е зајакната со витамините Ц и Б комплекс, билни екстракти и концентрати на овошен сок. Специјалната мешавина на состојки го прават лесен за варење и се избегнуваат непријатните несакани ефекти, како што е запекот. Затоа, не е ни чудо што Биоферил го препорачуваат бројни познати гинеколози и доктори. Биоферил е погоден за вегетаријанци и за вегани. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар или гинеколог пред да земете ваков додаток на исхрана.