Алтернативно лекување на мултиплекс склероза

Мултиплекс склероза (МС) е авто-имуна невро-дегенеративна болест од која боледуваат милиони луѓе низ целиот свет.

Многу почеста  е кај  жените, а првите симптоми се појавуваат меѓу 20 и 50 години.

Оваа болест предизвикува проблеми со моторните вештини, невролошки проблеми (вртоглавица, вкочанетост, горење, невралгија и визуелни нарушувања), инконтиненција, запек и чувствителност на топлина.

Често донесува невро-психолошки проблеми: губење на помнењето, депресија и когнитивни потешкотии.

Современата медицина нема лек за оваа болест, ниту пак и е позната причината.

Алтернативната медицина нуди решение: прогресијата на оваа болест може значително да се намали со соодветна исхрана , вежби, алтернативни терапии и природни лекови.

Како полесно да се живее со мултиплекс склероза

Во третманот на било која болест најважни се: ставот, упорноста и доследноста.

Бидете позитивни и вашите мисли ќе бидат ваша реалност.

„Сванкова“ диета

Исхраната е најважниот адут во намалување и отстранување на симптомите на мултиплекс склероза.

Неврологот д-р Рој Лејвер Сванк од Орегонскиот универзитет на здравствени науки во Портланд ја одреди исхраната која значително го намалува влошувањето на мултиплекс склерозата и стапката на смртност од оваа болест.

Сванковата диета најдобро делува ако можете да ја започнете на почетокот и строго ја спроведувате.

Главните карактеристики на Сванковата диета:

– Во првата година постепено престанете да го консумирате црвеното, темното пилешко и мисиркино месо .

– Потоа исфрлете ги млечните производи со повеќе од 1% масти. Другите млечни производи може да ги консумирате неограничено.

– Избегнувајте процесирана храна со заситени масти.

– Најмногу можете да внесете 15 грама или 3 лажички на заситени масти дневно.

– Внесувајте најмалку 4 , а најмногу 10 лажички здрави, незаситени масти дневно.

– Немојте да пиете повеќе од три чаши на пијалаци кои содржат кофеин дневно.

– Зголемете го внесот на омега-3 масни киселини.

Други упатства за исхрана:

– Избегнувајте аспартам и други вештачки засладувачи

– Изберете анти-воспалителна храна

– Избегнувајте ги глутенот и алергените

– Јадете храна која го чисти телото

– Редовно внесувајте ги овие хранливи материи:

витамин Б12

витамин А

витамин Ц

витаминот Д

витамин Е

витамин К

магнезиум

Омега 3, 6 и 9 есенцијални масни киселини

Цинк

Мултиплекс склероза и витамин Д

Се покажа дека смртноста од мултиплекс склероза се зголемува со оддалеченоста од екваторот, освен во областите каде што се јаде многу риба. Заедничката врска е витаминот Д.

Некои истражувања покажуваат дека високите дози на витамин Д може да ја спречат и да ја намалат прогресијата на болеста.

Витаминот Д игра важна улога во функцијата на мозокот, бидејќи има заштитно имуно-модулаторно дејство.

Затоа е особено корисен кај невро-дегенеративни и невро-имуни нарушувања.

Некои експерти веруваат дека веднаш после поставувањето на дијагнозата треба да се измери количината на витамин Д во крвта.

Таа кај мултиплекс склерозата обично е ниска, затоа е потребно  да се земе еднократна голема доза на витамин Д и понатаму да се земаат редовните дози.

Истражувањата покажуваат дека земањето на високи дози на витамин Д не предизвикува несакани ефекти.

Соодветни количини на овој витамин може да се добијат со сончање или внесување на додатоци во исхраната.

Пчелин отров

Третманот со пчелин отров ги  ублажува повеќето симптоми на мултиплекс склерозата, како што се болката, губење на координацијата и слабост во мускулите.

Студиите покажуваат дека соединенијата од пчелиниот отров мелитин  и адолпин (melittin и adolpin) помагаат да се намали воспалението и болката

Комбинацијата на овие соединенија го активира  природниот процес на лекување на телото.

Оваа терапија има многу подржувачи и е одлична алтернатива за интерферон, кортикостероиди и други лекови кои најчесто се користат за оваа болест.

Чистење на телото на тешки метали

Ако имате мултиплекс склероза, мора да го исчистите  организмот од тешките метали, бидејќи оваа болест е поврзана со нивното таложење во телото.

Токсините ги загадуваат  водата, воздухот и храната. Секој ден ние  користиме козметика и производи за лична хигиена, кои се полни со опасни хемикалии.

Додадете ги вакцините и амалгамските пломби

Таложењето на штетните материи во организмот може да доведе до многу сериозни проблеми.

Тешките метали може да се отстрани само со помош на хелати. Една од најмоќните природни хелати е хлорофилот.

За повеќе информации во врска со чистењето на телото од отровите и тешките метали можете да се најде тука.

Акупунктура на скалпот

Акупунктурата на скалпот , се покажа како најуспешна техника за акупунктура на мултиплекс склероза

Таа не само што може да го подобри квалитетот на животот и да ја забави прогресијата на физичкото влошување, туку, исто така, го намалува и бројот на релапсите.

Тоа е една модерна акупунктурна техника фокусирана на главата, кој ги спојува знаењето на западната медицина со традиционалната акупунктура.

Со неа е постигнат голем успех во олеснување на болка, грчеви, слабост, парализа на екстремитетите и нарушувања на рамнотежа.

Многу пациенти потврдија дека имаат подобра контрола на дебелото црево и мочниот меур, и дека забележале општо подобрување на здравјето.

Телесни вежби

Без оглед на фазата на мултиплекс склерозата важно е секојдневно да се вежба.

Вежбањето ги подобрува физичките функции на  телото, ментална состојба, силата и е поттик да се учествува во општествените активности

Дури и умереното вежбање како што е брзото одење може многу да допринесе.

Важно е вашиот тренинг да вклучува аеробик вежби, тренинг за силата, истегнување, правилни техники на дишење, голем опсег на движење и држење на телото.

Ако вашата ситуација се менува, важно е самите да можете да пронајдете што одговара на вашите способности.

Индиски коноп

Една од многуте неверојатни карактеристики на ова растение се лековитите својства кај мултиплекс склероза.

Многу заболени се свртија кон индискиот коноп, ставајќи го своето здравје пред законот, бидејќи тоа им помага да ги намалат грчевите, треперењата, несоницата, па дури и целосно да ги елиминираат  нападите.

Истражувањата потврдуваат дека индискиот коноп го спречува воспалението на мозокот и ‘рбетниот мозок, ги штити нервните и телесни функции.

Други билки и додатоци кои можат да помогнат во мултиплекс склерозата:

– Бета-глукан

– Коензимот Q10

– Корал комплекс

– Б комплекс

– куркума

– Пробиотици

– Женшен

– Глуварче

– Лист од боровинки

– Камилица

– Мачкина мента

– Чијаванпраш (мешавина од шеќер, мед, сусамово масло итн.)

– Петровац (хербална билка)

– Змејова крв

Можни се интеракции доколку истовремено се користат  билките и фармацевтските лекови, па бидете претпазливи.