Леукемијата е болест од непознати причинители каде што коскената срж произведува голем број на абнормални клетки. Ова значи дека нормалната срж се турка во се помали и помали области и произведува мал број на клетки и се јавуваат симптоми набројани подолу.
Има многу видови на леукемија и секој од нив е класифициран…
Хроничната леукемија е бавна форма на леукемија и настојува да зафати што е можно повеќе зрели клетки.
Акутната леукемија е брза форма која брзо се шири и зафаќа недозреани клетки. Се развива брзо од најраните форми на клетката до најраните форми на коскена срж. Потребно е брзо подлегнување на лекарски третман, но генерално реагира на хемотерапија.
Кои се симптоми на акутна леукемија?
- Ненадејно појавување на сите симптоми
- Бледило на лицето, анемија
- Замор
- Болки во зглобовите
- Постојани инфекции, како „суво грло“
- Крварење од носот, непцата и појава на модринки по телото, без никаква причина
Ако се појави некој од овие симптоми, неопходна е консултација со лекар.
Како е акутната терапија дијагностицирана?
Многу видови на леукемија можат да бидат дијагностицирани преку тестови на крвта. Кај акутната леукемија, нејзините клетки можат да бидат видени како циркулираат низ крвта.
Тест на коскената срж исто така треба да биде извршен за да се потврди какви клетки се вмешани бидејќи ова може да им помогне многу на лекарите при одлуката за вид на терапија.
Како се лекува акутната леукемија?
Заболените од акутна леукемија ќе бидат упатени на специјалист. Денес, методите со кои се третира оваа болест се многу ефективни и голем број на деца и возрасни успеваат да се излечат.
Се третира најчесто со хемотерапија, преку вените. Во голем број од случаите, хемотерапијата трае 4 до 6 месеци. Таа ги убива клетките кои брзо се размножуваат. Коскената срж е осетлива на хемотерапија и може да го направи организамот ранлив, па пациентот да биде ранлив на крварење и инфекции. Ова значи дека пациентот треба да остане во болница со недели. Сепак, крвта се враќа на нормала по одреден период и понекогаш додека трае хемотерапијата на пациентот му се врши трансфузија.
Хемотерапијата доведува до губење на влакната на телото, гадење, повраќање и дијареа. Лекарите на пациентите им даваат лекови за да ги заштитат или ги редуцираат гадењето и повраќњето. Губењето на влакната не е засекогаш, тие повторно растат по 3-4 месеци.
Понекогаш, лекарот препорачува трансплантација на коскената срж. Овој третман е агресивен и е препорачлив само за млади и силни пациенти. Клетките користени при трансплантацијата можат да бидат од самиот пациент, негов брат/сестра или од донор кој не е во роднинска врска.