Активен јаглен веќе неколку години е дел од природната медицина, но сега се појавува и во списанијата за убавина. Тоа е всушност мешавина на древната традиционална медицина и денешната медицина, поради неговите својства да апсорбира органски токсини, хемикалии и отрови пред да можат да му наштетат на телото.
Придобивки од употребата на активен јаглен
Ги отстранува отровите и токсините
Истражувањата покажуваат дека активниот јаглен може да биде најефективен лек против сите штетни супстанци. Може да апсорбира до 50-60% од несаканите супстанции во желудникот и цревата. Активен јаглен се користи во голема мера и во случаи на труење. За разлика од разни сирупи, активниот јаглен се врзува и отстранува голем дел од штетните супстанци дури и откако ќе влезе во крвотокот. Моќноста на активиниот јаглен за прочистување е исто така причината зошто рутински се користи во филтри за вода и воздух.
Орална нега
Истите својства кои го прават јагленот корисен за отстранување на штетните материи во дигестивниот систем, исто така, го прават корисен и за оралното здравје. Ги неутрализира токсините и го прочистува организмот. Кога се користи во пасти за заби, прашоци и плакнења за орално здравје, може да се поврзе со бактериите и другите штетни материи и да ги отстрани од устата. Многу луѓе сакаат да го користат на овој начин, бидејќи исто така се врзува за супстанции кои ги зацврстуваат забите и можат да ги избелат забите од само неколку употреби.
Убавина
Активен јаглен се појавува и во многу производи за убавина во последно време! Тоа е затоа што е ефикасен при отстранување на бактериите, хемикалиите, нечистотијата на кожата.
Начини како да се користи активен јаглен (за дома и убавина)
Природно избечување на забите
Ова е прва употреба на јаглен за убавина и функционира неверојатно брзо и ефикасно. Само потопете влажна четка во јаглен во прав и четкајте ги забите. Јагленот е благо абразивен, па еднаш или двапати неделно е сосема доволно!
Во паста за заби
Слично на тоа, јаглен може да се користи и во пастите за заби за да се добие истиот ефект. Додавање на малку јаглен во паста за заби неколку пати неделно може да ги избелат и освежат забите.
Маска за чистење на лице
Изгледа малку страшно и гадно, но по миењето кожата е супер мека и мазна.
За маска: Лесно направете своја маска со овој едноставен рецепт или купете природна маска со висок квалитет.
Како чистач за лице: Измешајте 1/2 лажички прашок од активен јаглен и измијте ја кожата нежно. Исплакнете добро и исушете го лицето.
Во шампон
Јагленот се појавува во шампони од истата причина што луѓето го користис за нега на лицето. Ги отстранува нечистотиите. Најлесен начин да се обиде ова е да додадете мала количина (1/2 кафена лажичка) во шампонот пред да ја измиете косата.
Прочистување на воздухот
Порозната структура на јагленот го прави одличен во отстранувањето на мириси, штетни хемикалии и алергени од воздухот. Ова е причината зошто често ќе најдете јаглен во производите за прочистување на воздухот.
Прочистување на водата
Активниот јаглен, исто така, помага да се отстранат загадувачите од водата.
Помага при каснувања од бубачки и други инсекти
Овој рецепт е исто така одличен за примена против каснувања од бубачки за да се ослободи болката и чешањето! Во една студија, мешавина од јаглен и сода бикарбона помогнале при убод од отровен пајак за да се извлече отровот и да нема никакви последици и лузни.