Акаи бобинки, за совршена младешка кожа – засекогаш

Сокот од половина филџан боровинки, два портокала и ситно сечен корен од ѓумбир ќе и го врати сјајот на вашата кожа. Боровинките се богати со антиоксиданси кои благотворно влијаат на тенот, го намалуваат црвенилото и ги смируваат акните. Освен боровинките можете да употребите и други бобинки како што се Акаи бобинките кои се богати со Омега масни киселини, кои се неопходни за здравјето на кожата, ноктите и косата.