Без разлика дали сте ноќна птица или лице кое не сака да го преспие утрото, вашите навики на спиење откриваат нешто повеќе за вас. Верувале или не, научниците од тоа можат да ги утврдат деталите за вашиот карактер, особината на личноста, но и структурата на мозокот и животниот век.
- Оние кои одат порано во кревет, се повеќе друштвени, ја преземаат контролата и се оптимисти. Тие се помалку склони кон пороци како што се алкохол, никотин и храна.
- Ноќните птици имаат помалку бела материја во мозокот, велат истражувачите. Како резултат на тоа, имаат помалку хормоните кои се одговорни за доброто расположение – сератонин и допамин.
- Но, тоа не е се толку лошо за оние кои не спијат – тие се покреативни, имаат повисоки когнитивни способности и се поспремни да ризикуваат.
- Според едно истражување кое е спроведено во 2010 година, покажа дека највисоката стапка на смртност имаат жените кои спијат помалку од пет или повеќе од 6,5 часа дневно во просек.
- Срцеви заболувања, дијабетес, артритис, висок крвен притисок и предвремено стареење им се заканува на оние кои спијат помалку од шест часа.
- Еден експеримент бил спроведен со студентите од Универзитетот Стенфорд. Тие спиеле во текот на седумте недели 10 или повеќе часови. После тоа е докажано дека го подобриле времето за спринтување, биле многу потрајни и помалку се заморувале.
- Во САД во 2009 година се регистрирани повеќе фатални сообраќајни несреќи од последици на неспиење,отколку од алкохол.