За овој колач не ви се потребни многу состојки, а ниту многу време. За само 10 минути , ќе имате совршен празничен десерт.
ПОТРЕБНО E :
- 450 гр брашно, (+ 50гр. за наросување)
- 180мл. млеко
- 2 жолчки од јајце
- 8гр. сув квасец
- 30гр. путер
- 70гр. шеќер
- прстофат сол
- 200гр. од омилениот чоколаден крем
ПОДГОТВУВАЊЕ:
Ставете го млакото млеко во сад и додадете го квасецот, 1 лажица шеќер и 4 лажици брашно и измешајте. Оставете да стои 15 минути. Додадете го останатото брашно, шеќерот и солта. Додадете ги жолчките и стопениот путер и измешајте ги сите состојки. Сега месете го тестото додека сите состојки убаво не се соединат и не стане меко. Покријте го со крпа и оставете го да отстои 40 минути на топло. По 40 минути, наросете брашно на работната маса и месете го тестото уште некоја минута, а потоа поделете го на 4 еднакви дела. Направете мали топчиња, а потоа со помош на сукало, раширете го тестото во форма на голем круг. Ставете го на хартија за печење, дајте му форма и исечете го остатокот со нож. Премачкајте со омилениот чоколаден крем. Потоа, повторете ја постапката со сите 4 кругови. Со помош на чаша, направете круг во средината. Сега, со помош на нож, направете 16 еднакви делови. Вртете го секој дел посебно. Ставете го да се пече на 180 степени, 15 до 20 минути.