Нова Година се приближува, а вие не сте задоволни со вашиот изглед? Експертите советуваат секој ден да го правите овој шест минутен тренинг кој ќе ви помогне лесно да се ослободите од непотребните килограми. Краткиот тренинг е идеален за наутро. Не ви треба било каква помош, бидејќи вежбите се базираат на употреба на вашата тежина.
Мастите можете да ги согорите за само шест минути и така да се ослободите од несаканите килограми. Вежбите го покренуваат горниот и долниот дел од телото и на тој начин го забрзуваат метаболизмот. Направете минимален одмор помеѓу сериите. Формата мора да биде точна и цврста, а секоја вежба правете ја во две серии.
1) ЧУЧЊЕВИ
Доволно се 15 повторувања по сет. Внимавајте вашиот ‘рбет да биде исправен, а нозете поставени паралелно една со друга, во ширина на колковите.
2) ИЗДРЖЛИВОСТ
Една серија од 30 секунди ќе биде доволна за да ги затегнете сите мускули во вашето тело.
3) СКЛЕКОВИ
Направете 15 повторувања. Понатака, ќе бидете во можност да правите по две серии, но за почеток, обидете се да направите по една. Оваа вежба често се практикува од страна на мажите, но никој не рече дека е забранета за девојки!
4) ВЕЛОСИПЕД
Легнете на грб, а нозете подигнете ги од земјата. Заземете положба како да возите велосипед во воздух. Вртете ги „воздушните педали“.