Претпоставувам (и разбирам) дека сакате како мече да се пикнете во својата пештера и да излезете тогаш кога студовите ќе престанат, снеговите ќе се стопат и сите пупки ќе расцветаат. Но, во име на добрите стари обврски, морате секој ден да се соочувате со предизвиците кои ви ги приредува зимата. Ладно ви е да излезете од дома, не знаете што да облечете и имате апсолутно погрешни навики во исхраната особено околу празничните денови?
Како полесно да заспиете?
Во овие смрзнати мракови, ни температурата ни времето, не играат од ваша екипа. Напротив, можат да имаат сериозен удел во забавување на животот. Светлината игра голема улога околу тоа кога треба да спиеме, а тоа не станува полесно со сè пократките денови. Мозочниот тајмер наречен супрахијазматично јадро (SCN) се наоѓа некаде над оптичкиот нерв и прима директни информации од светлината, ја стимулира епифизата која лачи мелатонин. Што повеќе мелатонин, толку сме попоспани.
Сините зраци на светлина имаат големи бенефити кога треба да сме будни преку ден, па така изложеноста на светлината од компјутер или телефон можеби и не е така лоша идеја. Секако, ако сакате полесно да заспиете, црвената светлина го намалува лачењето мелатонин. Исклучете го лаптопот и на спиење!
Конторла на температурата
Проблемите со спиењето може да бидат поврзани и со температурата на нашето тало која нормално опаѓа додека спиеме и се качува откако ќе се разбудиме. Ако температурата во вашата соба е многу висока или ниска, голема е веројатноста дека телото нема да може да ви се прилагоди. Истражувањата покажуваат дека идеалната температура се движи помеѓу 18 и 20 степени.
Што да облечете?
Не се облекувајте многу кога легнувате да спиете. Можеби двата дуксери и термо чорапите ќе ви бидат удобни на почеток, но тие ќе предизвикаат препотување кое воопшто не е препорачливо кога спиете. Наместо тоа, облечете си лесни пижами и покријте се со дебела прекривка. Лека ноќ!