Речиси на 4000 метри надморска височина, во карпите на Андите, меѓу ретко распространетата вегетација, се издвојува мака, жилава и издржлива билка, која наликува на нашата ротквица. Нејзиниот корен за домородците е веќе со векови извор на сила и плодност. По конквистадата, Шпанците маката ја извезувале во нивната земја, на тој начин запознавајќи ја и Европа со неа. Едно време интензивно се употребувала во шпанскиот кралски двор, за знаењето за неа во текот на годините да исчезне.
Во шеесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, перуански, американски и германски истражувачи на светот повторно му ја откриле билката чие наследство го чувале ретките заедници високо во Андите.
Позната како „жен-шен од Андите“, мака традиционално се користи во Јужна Америка, како извор на сила, а високо се почитува подеднакво меѓу мажите и жените.
Така денес е познато дека мака својата тајна на делување ја крие во бројните активни супстанции, како што се масни киселини, алкалоиди, танини, стероли и глукозинолати, кои се исто така, одговорни за влијание врз плодноста.
За жените :
- – ефект на афродизијак ;
- – го зголемува либидото ;
- – дава енергија ;
- – за сексуална стимулација ;
- – ги намалува чувството на депресија ;
- – ги намалува ефектите на стресот ;
- – ги намалува проблемите на менопауза ;
- – ги балансира хормоните ;
- – се користи во случаи на ПМС .
За мажите :
- – ефект на афродизијак ;
- – го зголемува либидото ;
- – дава енергија, сила и издржливост ;
- – ја подобрува потенцијата ;
- – ја намалува депресијата ;
- – значително го крева нивото на DHEA (ендоген стероиден хормон) ;
- – ги намалува ефектите на стресот ;
- – го зголемува обемот на сперматозоиди, број, формирање на подвижноста на сперматозиодите ;
- – ги балансира хормоните ;
- – ги олеснува проблемите со ерекција ;
- – ја подобрува на плодноста .
Терапевтскиот ефект се манифестира со зголемување на физичката активност и издржливост. Забележливо е и имуно-стимулаторната активност. Помага во балансирање на хормонални дисфункции, особено за време на менопауза и андропауза, како и како антидепресив. Потрошувачите забележале и побрзо зараснување на повредите.
Идеално средство за сите парови кои сакаат деца. Со мака, препорачуваме кордицепс, цинк и вејкан.