Коензим Q10 – Број 1 чувар на срцето

За што се користи коензим Q10?

Коензим Q10 е исто така познат и како убикинон и природно се јавува во телото. Човечкото тело има способност да  синтетизира коензим Q10, но таа способност се намалува по 30- та година. Како последица на намаленото производство на овој конзим доаѓа до намалување на енергетските процеси во организмот, а тоа најбрзо се забележува во срцевата работа.

Примена:

  • Болести на срцето (на слабо срце, аритмии, ангина пекторис, срцев удар),
  • во терапија со статини (лекови за намалување на холестеролот , бидејќи тие резултираат со дефицит од CoQ10),
  • хипертензија – висок крвен притисок,
  • против стареење на клетките и ткивата во организмот

Како делува коензим Q10?

Тој Влијае на енергетските метаболички процеси, на согорувањето на мастите, на флексибилноста на клеточните мембрани. Познат е и по  неговата употреба како антиоксиданс, односно ги забавува процесите кои водат до оштетување и стареење на клетките и ткивата.

Со годините  производство на коензим Q10 се намалува дури до 80%. Има синергетски (потенцијален) ефект  со селен и глутатион, кои исто така се моќни антиоксиданси. Придонесува за регенерација на витаминот Е, кој е еден од најчестите антиоксиданси.

Срцето е мускул кој постојано пумпа, а пациентите со болест на срцевиот мускул имаат посебен дефицит на овој витамин. Поради тоа, откако е развиено неговото масовно производство, од страна на јапонските научници, коензим Q10 е препишуван и како лек за срцеви заболувања во Јапонија.

На пазарот е присутен уште од 1974 година, а поради тоа што е природна компонента на телото не предизвикува несакани ефекти и важи за безбеден лек, без придружните несакани ефекти. Бројни клинички студии и научни трудови ја потврдија неговата ефикасност.

Кога се докажа дека статините (лекови кои делуваат на намалување на создавањето на холестерол во телото) доведуваат до дефицит на коензим Q10 во  срцевиот мускул, започна неговата рутинска употреба во терапијата со статини (Cholipam, Hollesta, Simvor, Vasilip, Zocor, Atoris, Sortis, Лале, Lescol).

Тој е корисен во лекувањето на пост-инфаркт состојбите, бидејќи обезбедува подобро снабдување со енергија на останатиот дел на здравиот срцев мускул.

Што велат научните истражувања?

Клинички и потврдени делувања на коензим Q10 на срцевиот мускул се:

  • Намалување на ризикот од атеросклероза, стеснувањето на крвните садови,
  • Позитивен ефект врз срцевите аритмии  ,
  • Зајакнување на ослабениот срцев мускул, зголемување на силата на срцевите контракции,
  • Намалување на ризикот од развојот и ефектите од ангина пекторис и миокарден инфаркт,
  • Намалување на ризикот при операција на срцето (бајпас, срцеви залистоци)

Намалената концентрација на коензим Q10 доведува до ослабен имунолошки систем, замор, слабост, акумулација на масти.

Како да се земе коензим Q10?

Користејќи доза од 30 мг на ден, но во случај на голема исцрпеност на срцевиот мускул се применуваат и дози од 100 мг дневно. Бидејќи коензим Q10 е природна состојка која се наоѓа во човечкото тело, таа е многу безбедна .

Во случај кога во организмот постои значителен недостаток на коензим Q10, веднаш по почетокот на внесувањето се покажуваат видливи позитивни поместувања , бидејќи и малото зголемувања на ефикасноста на срцевиот мускул лесно се забележува. Додека во случај на помал дефицит на коензим Q10, видливи ефекти се манифестираат во период од 3 до 4 месеци.

Коензимот Q10 внесен преку исхраната не влијае на намалување на производството на истиот во телото, како што е случај при холестеролот. Значи, со внесувањето на коензим Q10 се влијае на зголемување на концентрацијата на овој нутриент во крвта, кој со  стареењето помалку се создава.

Коензим Q10 е липосолубилен- растворлив во масти, и е најдобро искористен од маслени производи, пример  гелни капсули во масло од соја.

Во кои случаи не треба да се користи коензим Q10?

Не се познати такви ситуации, бидејќи природно го има во организмот.

Кои несакани ефекти може да се појават во примената на коензим Q10?

Не се регистрирани несакани ефекти, бидејќи и тој е природна состојка во телото.

Со кои лекови не треба да се применува истовремено коензим Q10?

Дијабетичарите треба да го следат нивото на шеќер во крвта за време на терапијата CoQ10 и да ја корегираат дозата бидејќи CoQ10 доведува до намалување на нивото на шеќер во крвта. На пациентите кои користат статини им се препорачува дополнително земање на коензим Q10. Оние кои користат варфарин треба да ја проверуваат вредноста на седиментација.

Забелешка

CoQ10 не треба да ги прекинете одеднаш, бидејќи може да ги влошат симптомите на срцева слабост.

Nature Essential Koenzyme Q10 можете да го набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети … во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс и во сите подобро снабдени аптеки.

Nature Essential Koenzyme Q10 можете да го можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/q10/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
*(Достава до домашна адреса со брза пошта)