Не постои негирање дека минуваме низ многу сериозна економска криза, со резултати какви што досега немаме видено. Светот и нашето општество се соочуваат со значајни промени кои сигурно ќе им ја променат состојбата на многу индустрии и ова несомнено ќе има влијание врз нас во нашиот секојдневен живот. Затоа мислам дека би било логично и паметно да дискутираме како сите ние можеме да се справиме со оваа криза. Еве неколку совети кои можат да помогнат да се издржи финансиската бура:
1 Останете присебни
Сега не е време да паничите. Се разбира дека ова се сериозни состојби, но ако се исплашите и ако трчате наоколу како мува без глава нема ништо да постигнете со тоа. Кога сте соочени со катастрофи, морате да останете присебни. Затоа морате да бидете смирени. Само во такви околности можете да донесете правилни одлуки и логички да рационализирате што се случува. Имајте на ум дека оваа криза не засега сите нас. Сите сме во истата каша, затоа нема потреба да оставиме работите да излезат надвор од контрола. Немаме голема контрола врз тоа што се случува во овие финансиски пазари, но имаме целосна контрола врс нас, затоа на тоа треба да се фокусираме да го контролираме. Во тешки времиња одличното раководство се извршува смирено и мирно, и тоа што сега нам ни треба е добро раководство од сите околу нас.
2 Информирајте се
Од голема важност е да останете во тек со работите за да знаете што всушност се случува во овие проблематични пазари. Ако постои барем една тема на која што луѓето дефинитивно треба да и обрнат внимание, тоа е оваа тема. Колку подобро сте запознаени со неа, толку подобри одлуки можете да донесувате. Силно ви препорачувам да ги црпите вашите вести и информации од различни извори, како и да ги дискутирате со вашите пријатели. Потребно е да ги споделуваме нашите гледишта и мислења за да можеме да го создадеме најдобриот можен план за нас. Исто така, пробајте да не се заситувате со премногу вести од медиумите. Многу е лесно да се обесхрабрите кога сте изложени на толкава негативност. Додека од голема важност е да бидете информирани, не би сакале да претерате со тоа и да стигнете до моментот кога ќе помислите дека ова е крајот на светот и да не можете повеќе да спиете навечер.
3 Преиспитајте ја вашата финансиска состојба
Со информациите кои сте ги собрале, треба да почнете да си поставувате неколку важни прашања. Дали мојата работа или мојот бизнис се засегнати од ова? На пример, автомобилската индустрија е во хаос. Дали вие или вашата компанија сте поврзани на било каков начин со оваа индустрија? Што се случува со вашите инвестиции? Дали имате многу инвестирано во компании кои се на работ на финансиска пропаст? Ова се причините поради кои треба да бидете информирани, ако имате можност, да ги преуредите вашите инвестиции во посоодветно решение. На пример, во моментов, златото е одлична инвестиција. Дали можете да си ја плаќате хипотеката дури и кога каматните стапки ќе се покачат? Сите овие релевантни прашања ќе го зголемат вашето ниво на свест и ќе ве поттикнат да почнете да размислувате за сериозни и логички одговори.
4 Имајте резервен план
Јас сум тип на човек кој секогаш има план Б, В или Г. Тоа ми има помогнато да постигнам многу успеси во мојот живот. Најлошата работа која што може да се случи е да бидеме изненадени од некој настан кој ќе не присили да ја промениме нашата патека, а притоа да не знаеме која патека да ја следиме во моментот. Тоа е причината поради која е потребно да имате резервен план. Што ќе правите ако ја изгубите работата? Потребен ви е одговор на ова прашање во случај тоа да се случи. Што ќе се случи ако вашите исплати на хипотеката значително ја изгубат својата вредност? Како ќе реагирате ако вредноста на вашето инвестиционо портфолио се губи до алармантно ниво? Ако имате таков план, не само што ќе ви спаси многу непроспиени ноќи, туку и ќе ви помогне да заштедите драгоцено време, енергија, и најверојатно пари, едноставно имајќи брз, а истовремено и паметен одговор кој ќе ви помогне да ве насочи кон нова насока.
5 Променете ги вашите навики на трошење пари
Кога ќе дојде време на рецесија и криза, треба да бидете премногу внимателни со парите. Трошењето пари на непотребни работи и одржувањето на скапите навики само ќе ве поттурне подлабоко во дупката ако случајно ја изгубите работата или ако ви се покачат каматните стапки. Ова треба паметно да го одиграте. Ако трошите пари рационално, во случај работите да се влошат, тоа може многу да ви помогне во животот. Наместо да одите на екстравагантен одмор, можеби во моментот подобро е да одите на некој поекономичен. Можете и да намалите од новогодишните подароци оваа година. Дури и ако моментално цените на нафтата паѓаат, можеби можете да ги задржите вашите навики за возењето кои ги сменивте за да заштедите кога цените беа премногу високи. Сето она што може да ви помогне да задржите колку што е можно повеќе пари во вашиот џеб е добро во овие времиња на предизвици. Сега не е време да направите уште долгови, живеењето според вашите средства е клучот во пребродувањето на оваа криза.
Ова е сериозна ситуација, меѓутоа не е неопходно да дозволите оваа криза да управува со вашиот живот. Имајте позитивен став кон ова, продолжете да уживате во животот, и правете планови за вашата иднина. Сигурно ќе го пребродиме ова. Ќе ја издржиме кризата и ќе има многу полесни денови во иднина. Само бидете спремни. Подгответе се за секој случај. Тоа е исто како носењето на безбедносен ремен додека возите. Не сакате, ниту пак очекувате да доживеете несреќа, но во случај да се случи некаква несреќа, барем сте заштитени. Имајте го истиов однос и кон вашите финансии. Ставете го вашиот финансиски безбедносен ремен, бидејќи возењето навистина може да биде прилично лошо.