Ослободете се од воспаленијата на мочниот меур и проблемите со циститот

Ќе ги решиме сите ваши сомнежи во врска со оваа непријатна и упорна болест …

Воспалението на мочниот меур, или цистит, е една од најчестите болести кои претежно ја зафаќаат женската популација од различни возрасти. Симптомите варираат од болка зад срамната коска го често, итно и болно мокрење со или без крв во урината.

1. Кои видови на воспаленија на мочниот меур постојат?

Најчесто е акутното воспаление на мочниот меур, кое е краткотрајно, но многу болно и непријатно. Овој тип  се лекува со антибиотици 3-7 дена. Други форми на цистит се многу повеќе непријатни, здодевни и го нарушуваат квалитетот на животот – тоа се повторувања или повторливо воспаление на мочниот меур со минимални симптоми и интерстицијален циститис, посебна форма на циститис, кој е многу драматичен и го нарушува квалитетот на животот на жените, особено помладите.

2. Која е причината за зголемената појава на повторени форми на воспаление на мочниот меур?

Вистинската причина за овој непријатен вид на циститис не е позната, но преку наодите од извадоци од слузокожата на мочниот меур (биопсија) се укажува на тоа дека тоа е нарушување на имунолошкиот систем. Забележана е зголемена пропустливост на слузницата на мочниот меур, како резултат на намалување на основниот слој на одбраната –  гликопротеин и гликоаминогликон, кој им овозможува на компонентите на урината да го оштетат ѕидот на мочниот меур.

3. Со што се карактеризира ова заболување на мочниот меур?

Важно е да се каже дека со исклучувањето на другите форми на циститис се поставува дијагнозата и обично не се детектираат бактериите во значителен број во урината (урина култура стерилниа). Спектарот на симптоми е широк и вклучува болен синдром, непријатност во пределот на гениталиите, често нецелосно мокрење. А сите овие проблеми може значително да влијаат на квалитетот на животот.

4. Дали начинот на исхрана може да го подобри или да го смири овој тип на цистит?

Внесувањето на овошје и зеленчук и избегнувањето на храна која има многу киселини (домати, кечап, агруми, итн.), газирани пијалаци, храна богата со шеќер, бобинки (малини, капини, боровинки) може да придонесе за ублажување на симптомите. Земањето на големи количини на вода, полесна исхрана, помали оброци, исто така, може да помогне во смирувањето на симптомите.

Од друга страна, супстанциите кои придонесуваат за обновување на основниот слој на слузницата на мочниот меур се многу моќни антиоксиданси (како што се кверцетинот), кој заедно со другите применети третмани ги олеснува болките и  овозможува подолг период на смиреност. Кверцетинот е еден од најактивните биофлавоноиди, кој е присутен во зелениот зеленчук, особено во кромидот, зачините и црвеното вино. Исто така има и анти воспалителен ефект, така што од него потекнува лековитоста на многу растенија.

5. Што треба да знаете во врска со повторените инфекции на мочниот меур, но без симптоми?

Секако треба да се процени дали постои било каква јасна причина, промена што води до тоа, а потоа преку додавање на антиоксидантни соединенија (на пример, кверцетинот) овозможуваме да се опорави слузницата на мочниот меур. Ова значи дека антибиотиците не се во преден план. Може да се користи, и вакцина, ако тоа е причина на постојана инфекција, како што е Eшерихија коли. Внесувањето на многу течност, овозможува  природно намалување на концентрацијата на бактерии, како и нивното излачување. Потребно е многу трпение и консултација со лекар за да се подобри имунолошкиот систем и да се намали бројот на повторливиот циститис.