Еректилна дисфункција е неможност да се оствари и одржи ерекција која е потребна за задоволување на полов однос. Се повеќе машки се одлучуваат да побараат помош за својот проблем и благодарејќи на современите методи на лечење го нормализираат својот полов однос, бидејќи импотенцијата може да се лекува.
Во последно време се зголемува бројот на луѓе кои се лекуваат од еректилна дисфункција. Меѓутоа, тоа не значи дека расте реално бр. на лица со импотенција, туку тоа е одраз на се подобрите резултати во дијагностицирањето и лечењето. Не се’ само машките погодени со овој проблем, туку често се јавува и импотенција кај жените.
Импотенција низ бројки
– Кај машки до 40 година 5 %,а кај постарите од 65% таа бројка е 15-25 %.
– Секој десети маж во светот има проблем со ерекцијата.
– Околу 40 % мажи постари од 40 год. Вели дека од време на време има проблеми со ерекцијата.
– Повеќе од половина мажи од 40-70 год. Има проблем со потенцијата, а исто има и 70% од оние со над 70 год.
– Проблеми со ерекцијата има и кај 50-60 % мажи постари од 60 кои имаат атеросклероза,како и 35-50 % оние со дијабетес.
Физиолошки аспект на импотенцијата кај мажите
Причини за импотенција од физиолошка природа се тн. Васкуларни проблеми,т.е. проблеми со крвните садови. За да мажот биде во состојба да одржи ерекција, неопходен е зголемен прилив на крв во пенисот. Стеснетите артерии можат да го отежнат приливот на крв во пенисот што може да доведе до проблеми во постигнување ерекција. Високиот крвен притисок, пушењето, дијабетесот и високиот холестерол се најчести причинители за импотенција. Покрај тоа, хормонските пореметувања, проблеми со тироидната жлезда може да допринесат за настанување на проблемот. Многу мажи кои конзумираат стероиди се соочуваат со овој проблем,бидејќи доаѓа до нарушување на природната хормонална рамнотежа која е неопходна за нормално функционирање.
Психилошки аспект на импотенцијата кај мажите
Еден од најчестите психолошки фактори на импотенцијата се одредени очекувања кои мачките ги имаат во врска со сопствените сексуални перформанси. Кога еднаш ќе се соочат со овој проблем мажот низ некој одреден ирационален начин се доведува себеси во депресија, насетува неадекватност и сомнеж во сопствената машкост, што пак води до се подалечно одржување и продлабочување на проблемот. Импотенцијата во голема мерка ја нарушува сликата која мажот ја има за себеси што пак го прави подложен на да стравува од идни неуспеси во сексуалното функционирање. Еднаш кога ќе се развие тој осет на осетување на анкциозност се јавува и склоност да се предвидуваат идните неуспеси што водат кон јакнење на првобитниот страв и повторни неуспеси во постигнување на ерекција.