Бидете продуктивни: Користетe ги триковите на Никола Тесла

За време на неговиот живот, Никола Тесла постојано работел на нови идеи, а многу често поради  работата спиел по два часа во текот на денот. Тој е најмногу познат по неговиот систем на наизменична струја, но исто така е заслужен за околу 300 други патенти.

Се разбира, неговиот успех не дојде сам по себе, а секако и се користел со различни трикови за да биде  попродуктивен. Имајќи го ова во предвид,  ви претставуваме некои од советите на Тесла кои сите ние можеме да ги примениме.

Пред да почнете да работите седнете и добро размислете

Никола Тесла често зборувал дека е во состојба да ги визуелизира своите идеи и ретко кога морал да црта шаблони и план за работа .Реткост се оние кои можат да функционираат како Никола Тесла,но идејата по која ќе го започнеме процесот на производство така што ќе се концентрираме на крајниот производ може да биде многу ефикасна. Таканареченото креативно мислење од нас бара да се опуштиме и проблемите прво да ги разјасниме во главата.

Во својата автобиографија Тесла го опишува тој процес:„Моите методи се поинакви. Јас не брзам и не се залетувам со практична работа. Кога ја добивам идејата јас прво почнувам да ја разработувам во својата глава. Го менувам патентот на машината,ја усовршувам,надградувам и управувам со неа во сопствената глава. Воопшто не е важно дали турбината  сум ја започнал во својата глава или сум ја тестирал во работилницата,резултатите се секогаш исти.“

Важно е да нагласиме дека Тесла не се родил со овие способности,туку уште како дете ги вежбал и се усовршувал.

„За целата инвентивност што ја поседувам можам да и се заблагодарам на мојата мајка и вежбите кои со неа ги практикував.„Си ги погодувавме еден на друг мислите,повторувавме долги реченици  и вежбавме пресметување на памет. Сите секојдневни лекции имаа за цел да го подобрат моето памтење  и да развијат чувство за критичко размислување. Несомнено дека беа многу корисни.“

Седнете и пробајте да замислите како би можел да функционира вашиот нов проект кога ќе го завршите. Целокупниот план разработете го во главата ,од најситните до најкомплицираните делови. Би можеле да бидете изненадени како машината одлично функционира во вашата глава.

Прошетајте

Ако од време на време излезете на кратка прошетка,вашата креативност неизбежно ќе се зголеми. Тесла тоа уште одамна го сватил…Иако неговата потреба за шетање со време преминала во опсесивно компулсивна навика,некои од најзначајните „еурека“моменти ги доживеал токму за време на прошетките.

Една од најпознатите идеи кои му светнала одејќи е онаа со наизменичната струја.

„Во 1881 година Тесла се преселил во Будимпешта. Во една прилика се шетал во парк со еден пријател и рецитирал поезија,кога револуционерната визија му се појавила како гром,тој само со помош на гранче во прашината нацртал груба скица на мотор,кој со помош на  ротирачките магнетни полиња произведувал наизменична струја .И покрај тоа што идејата за наизменична струја постоела и претходно никој не ја применил во пракса,се додека Тесла неколку години подоцна   не го измислил индукцискиот мотор.“

Главната идеја е да излезете од затворениот простор,да се прошетате и да им дозволите на вашите мисли да се инкубираат .На свежиот воздух многу побрзо ќе дојдете до решението кое го барате.

Решавање на проблемите во самотија и мир

Како и повеќето пронаоѓачи и креативни умови и Тесла се залагал за осаменост во моментот на осмислување и работење на новите проекти.

„Умот е поостар ,побистар и поспремен го сме сами. За конкретно размислување не ви е потребна голема лабораторија. Оригиналноста најдобро успева во изолација.,кога нема надворешни влијанија да и пречат на вашата креативност. Најдобрите идеи се раѓаат кога сте сами“

Повеќето од нас не мора да се бават со такви комплексни прашања како Тесла ,но  тоа не значи дека не можеме сите ние  да имаме корист од една мала  осаменост. Ако се обидувате да дојдете до нови идеи или да ги довршите веќе започнатите.не двоумете се на некое време да се оддалечите и сами со своите мисли да се осамите.