Деловна астрологија: Како да бидете успешни на рaботното место и совршено да се вклопите во тимот ?

За да напредува бизнисот, неопходно е секој да го има вистинското место во работниот синџир. Погледнете во астрологијата и дознајте што ве советуваат ѕвездите, како да ја откриете својата идеална положба.

ОВЕН

Ја сака динамичноста и го излудува секоја бавна работа. Вистински лидер, претприемачки настроен, се стреми кон совршенство, полн е со идеи и ја поздравува секоја иновација. Неговиот голем ентузијазам ги инспирира другите, а единствен проблем може да биде комуникацијата бидејќи знае да биде многу нетактичен, несовесен и нечувствителен.

СОВЕТ : На овенот треба да му се дадат обврски кои ќе ги извршува самостојно, а покрај тоа мора да има и соработници кои ќе го следат.

БИК

Надарен е со слаткоречива комуникација, па работата која се изведува преку телефон најмногу му одговара, а притоа и многу го смирува. Идеален е во воспоставувањето контакти со луѓето па местото на ПР менаџер одлично му одговара. Потребна му е добра организација и можност полека да го гради својот пат и да напредува без големи скокови.

СОВЕТ : На бикот треба да му се даде работа во која ќе се внесе и емотивно. Мирен е постојан, многу мирен се додека некој не му стапне на плик. Не треба да му се доверат задачи кои би барале брзина и одлучност.

БЛИЗНАЦИ

Никако не се снаоѓа во работа која е монотона. Сака да учи и многу е љубопитен и амбициозен. Постојано е во движење, често невнимателен и расеан. Во маркетингот „плива како во вода“, бидејќи сака контакти со луѓето, брзо размислува и може да биде доста забавен во друштво.

СОВЕТ : Работа која му дозволува да биде забавувач, најмногу му одговара. На близнаците треба да им простите, затоа што тие грешки ги прават ненамерно.

РАК

На работа се повеќе се потпира на факти, отколку на емоции, иако тие го водат низ животот. Работи систематски и дисциплинирано, а доколку е мотивиран, дополнително се вложува кога станува збор за учење и посветеност на работа. И покрај тоа што на другите им ја препуштаат организацијата, тие ќе имаат забелешки и барања.

СОВЕТ : Ракот со задоволство ќе се погрижи за целиот колектив, па затоа треба да му се препушти процесот на работа, да го контролира, да проверува дали се се одвива по план и дали се сите задоволни.

ЛАВ

Не му е од голема важност дали ќе биде на сцена или не, тој мора да се чувствува возвишено. Никогаш не нема да пропушти добра шанса, но затоа пак, не извлекува поука од своите грешки. Сака удобност и експонирање, доминантен е – тоа е водач кој командува.

СОВЕТ : Амбициозен е, оптимист и совесен. Може да му се довери било што да направи, тој тоа ќе го заврши беспрекорно.

ДЕВИЦА

Оние кои му припаѓаат на овој знак се скромни, разумни и имаат исклучителни ментални способности. Може да им дадете било каква работа, која бара детално планирање, прецизност и директна комуникација. Одлични се како организатори, секој кој има девица во својата екипа има предност во однос на конкуренцијата.

СОВЕТ : Со девиците немате грижа, секоја своја работа ја извршува на време, без приговор и максимално педантно.

ВАГА

Сака правда и ред, брзо се лути,  но и обратно. Работата си ја врши систематски, дел по дел. На вагата не и се допаѓа да работи сама, дури и ако околината ја деконцентрира. Секогаш е добро расположена, ако е се по нејзин вкус. Добро функционира, само околу неа се се одвива хармонизирано.

СОВЕТ : Се додека другите се занимаваат со основни работи, со организации и финансии, со вагата нема да имате проблеми.

ШКОРПИЈА

Животот за шкорпијата претставува борба во арена, силна и способна, во секоја ситуација излегува како победник. Точно знае што сака и тоа го спроведува во дело. Кога е работата во прашање, заработката е најважна за неа, ќе работи нешто што е над нејзините можности само ако е на повидок зголемување на примањата.

СОВЕТ : На припадниците на овој знак треба да им ја оставите да се борат гради во гради со конкуренцијата, бидејќи извлекуваат максимум за претпријатието.

СТРЕЛЕЦ

Сака слобода и независност, не поднесува некој да му се меша во работата. Многу е директен, не умее да ласка, ниту пак, ќе се потруди ја научи оваа вештина. Може да му ја доверите секоја работа во која е дозволена слободата на изразување и мислење – во тој случај никогаш нема да ја изневери екипата.

СОВЕТ : Не треба да ги врзувате со работно време, туку со рокови – во тој случај се доста поверливи.

ЈАРЕЦ

Делува озбилно, строго и промислено. Се држи на дадениот збор, поверлив е, тоа е личност на која секогаш можете да се потпрете. Кога тој вложува пари, тоа мора да биде сигурна работа. Тој е претпазлив, активен и економичен, па затоа е извонреден финансиски советник. Напорно работи и може доста да истрпи.

СОВЕТ : Не ги покажува чувствата, ниту без причина се буни, но затоа бурно реагира кога некој ќе претера. Треба да се искористат неговите организаторски способности.

ВОДОЛИЈА

Водолијата е пребирлива личност, сака уметност, особено музика. Има добро помнење. И одат во прилог интелектуални работи. Сака моќ и достоинство, како и промени од сите видови. Има исклучителна моќ на концентрација, а одлична е и во комбинирањето. Исклучително истрајна во секоја работа, секогаш разбира се, но си тера по свое.

СОВЕТ : Нејзините идеи се огромно освежување за работата, но не треба премногу да ги притискате, бидејќи тоа може да има спротивен ефект.

РИБИ

Секогаш ќе им се најдат на колегите во неволја, без приговор ќе извршат работа за други, додека својата ќе ја запостават. Се прилагодува на секоја ситуација, креативни се и снаодливи. Умеат да ги забележат туѓите грешки и недостатоци, но и да ги премолчи. Се случува да започне неколку работи, а да не заврши ниедна од нив.

СОВЕТ : Рибата треба да ја држите цврсто во рака во „свилени ракавици“, бидејќи во спротивно стануваат мрзливи и ја запоставуваат работата.