Анти – Кандида диета

Анти – кандида диета е специфичен начин на исхрана со кој   се спречува ширењето на кандидата, и кај здравите и кај пациентите кои страдаат од оваа габична инфекција. Кандида е габа која обично живее во дигестивниот тракт на секој човек .

Заедно со корисните бактерии и  другите микроорганизми кои живеат на просторот на нашите црева. Затоа  нездравото размножување на кандидата обично започнува во дигестивниот тракт, каде инфекцијата постепено се шири во другите делови на телото. Кандидата и исхрана се во голема поврзаност. Строго контролирана исхрана е важен фактор во борбата против кандида, бидејќи  е неопходно да и се одземат материите кои и користат.

Што не треба да се јаде за време на анти – кандида диетата?

Анти кандида диета ги пропишува најстрого избегнување на шеќер, бидејќи тоа е омилената храна на габите. Затоа, шеќерот е строго забранет, дури и во мали количини, како додавањето шеќер во кафе или чај.

  •  Освен рафинирано белиот шеќер, треба да се избегнува и кафеавиот шеќер, медот и сите можни слатки кои содржат многу шеќер (торти, колачи, чоколадо …).
  •  Да се исфрли од јадење овошјето што содржи шеќер, а на таа листа се речиси сите плодови, освен лимон и грејпфрут.
  •  Сите храни настанати преку процесот на ферментација, како што се, на пример, киселата зелка, оцетот … Освен јогуртот.
  •  Млеко, сирење и други млечни производи, од кои некои се исклучоци, како путер и јогурт.
  •  Квасец и секаков вид на леб или пецива добиени од киселото тесто со користење на квасец. Тука не треба да заборавиме дека и пивото содржи квасец, па затоа е непожелен напиток за време на анти кандида диетата.
  •  Сите видови на габи.
  •  Свинско во било каква форма.
  •  Храна богата со скроб и прости јаглени хидрати (компири, бело брашно, бел ориз, лиснато тесто …)
  •  Конзервирани производи.
  •  Шлаг и сладолед.
  •  Кафе, црн чај, алкохолни и слатки пијалаци.

По овој список многумина во паника ќе се запрашаат: ” Што тогаш да јадеме?”. Сепак, решението е на листата на посакувани производи.

super-3-kandida

Дозволена храна за време на анти кандида диетата

Во текот на анти кандида диетата дозволено е да се јаде свеж и варен зеленчук (морков, цвекло, домати, брокула, бриселско зелје, карфиол, зелка, кељ, целер, лук, кромид, марула …). Речиси секој зеленчук, освен бостанот (лубеница и диња), поради високата содржина на шеќер. Дури и тиквата тргнете ја настрана.

  •  Мешунки (грав, грашок …)
  •  Интегрални житарки (пченка, пченица, овес, јачмен, ‘рж, ориз, просо …), освен шеќерна пченка.
  •  Јаткасти плодови (лешници, бадеми, ореви …)
  •  Семиња (лен, сончоглед, тиква …)
  •  Леб и пецива од интегрално брашно и без квасец.
  •  Од месото е дозволено месо од пердувести животни, дивеч, риба и морски плодови.
  •  Пилешка супа со зеленчук заедно со зачин од билки, по желба и вкус.
  •  Млеко од соја, тофу сирење, јогурт.
  •  Путер, маргарин и растително масло.
  •  Чаеви (брусница, жалфија, камилица), дозволено е додавање на сок од лимон.
  •  Освен чаеви, анти кандида диетата бара и поголемо внесување на вода, поради прочистување на организмот.

За анти – кандида диетата да биде ефикасна, неопходно е да се придржувате кон неа преку подолг временски период, а особено кога габичната инфекција ќе се повлече,поради спречување од нејзино повторување.