Посна салата со туна и кикиритки, неверојатно вкусна и брза за подготовка

Се подготвува 30 мин за 6 лица!

Потребни се:

  • 200 гр. мали спирални посни макарони
  • 1 конзерва туна
  • 200 гр. посен мајонез
  • 150 гр. кисели краставички
  • 100 гр. сусам
  • 150 гр. кикирики
  • малку копар
  • малку сол
  • 100 гр. посно сирење

Подготовка

Кикириките се  ситнат, а потоа се печат. Сусамот многу малку се потпечува, а кисели краставички се сечат на мали коцки и се додаваат на другите состојки, се добро се промешува и се декорира по желба.