Методите за чистење на лицето со масла, кои се актуелни во последно време, се повеќе го привлекуваат вниманието. И покрај тоа што маслото може да биде причина за појавата на мрсна кожа, во повеќето случаи тоа ја смирува и хидрира кожата.
Бадемово масло – природен навлажнувач
Бадемовото масло е одличен освежувач за сува кожа. Кожата брзо го впива и го спречува сушењето, а помага и кај намалувањето на подочниците настанати како последица од замор. Ова масло е богато со витамин Е кој ја спречува појавата на брчки. Во текот на неделата двапати намачкајте го лицето со бадемово масло, а потоа темелно измијте го.
Авокадово масло – против стареење
Ова масло е богато со витамините А, Ц, Д, и Е, а посебно се препорачува за зрелата кожа. Особено е добро за летните денови, бидејќи ја одржува кожата хидрирана. Доколку добиете изгореници од сонцето, ќе ги ублажите со ова масло. Втријте го маслото од авокадо во кожата и оставете да стои 15 минути, а потоа измијте се со вода.
Масло од лаванда – за акни, каснувања и изгореници
Маслото од лаванда содржи антисептички својства кои ќе и помогнат на кожата да се ослободи од акните, мозолките и другите воспаленија. Позитивни ефекти има и кај каснувања од инсекти, но и кај заздравувањето на раните.
Масло од моркови – за заштита од сонцето
Маслото од моркови е богато со бета каротин, а е ефикасно во одржувањето на еластичноста на кожата и го намалува влијанието на ултравиолетовите зраци. Ги отстранува токсините, а и дава на кожата свеж изглед.
Масло од јаглика – за сува кожа
Маслото од јаглика е идеално за испукана и сува кожа. Тоа го намалува црвенилото, јадежот и брчките.