Маска од јаболко која го враќа сјајот на уморната кожа

Јаболката се богати со витамини и минерали, ја смируваат, навлажнуваат и тонираат кожата, но и ги отстрануваат мртвите клетки. Маската од јаболка е идеална за жените кои имаат уморна кожа бидејќи го враќа сјајот на лицето.

Маската од јаболко одговара на сите типови на кожа, а можете да ја нанесувате без ограничувања. Киселите јаболка повеќе одговараат за масна кожа, а слатките за сува и чувствителна кожа.

За да ја подготвите потребна ви е едно јаболко кое ќе го излупите, а потоа изрендате. Потоа ќе додадете една лажичка сок од лимон и една лажичка мед (течен). Смесата добро измешајте ја, па потоа нанесете ја на лицето. Извадете ја маската после 15 минути.