200 калории? Од целиот избор на храна имаме право на брокули!

Зошто да ги броите калориите кога можат да се видат и од една фотографија. Креативното видео ни ги споредува калориите вс. порциите на сликовит начин, а ние сме подготвени да ве охрабриме да направите здрав избор и да им навалите на – брокулите!

video 2

Што се калориите? Веројатно најбрзиот одговор на устата на една жена би бил – „моите најстрашни непријатели“. Научно, калоријата е количина на енергија која му е неоходна на нашиот огранизам за да може да функционира. Значи, освен ако не сте твајлајт-вампир, потребни ви се калории за да преживеете. Во просек потребни ни се меѓу 2.000 до 2.700 калории на ден.

Во ова извонредно видео направено од АСАП сајанс, имате можност да  видите што значат 200 калории претставени преку количина на одредена храна. Не се обесхрабрувајте, иако ќе сфатите дека она што е највкусно всушност е и најкалорично. Ама ајде да погледнеме на светлата страна, да се фатиме за брокулите и зеленчукот, и да почнеме барем да се храниме здраво.