Моркови, вашите омилени зимски „грицки“

Главен предуслов за добро здравје е оптимално функционирање на имунолошкиот систем и затоа посебно внимание треба да се посвети на јакнењето на одбранбениот систем.

Нутриционистите препорачуваат свежо цедени сокови од свежо овошје и зеленчук во кои главно место имаат морковите. Всушност, резултатите од многубројните истражувања покажаа дека портокаловиот корен, благодарение на богатството со бета- каротин, претставува еден од најдобрите чувари на имунолошкиот систем.

Оваа драгоцена состојка е моќен антиоксиданс, а морковот покрај тоа е богат и со витамините Д, Е и групата Б, калиум, калциум, јод, цинк, кобалт, пектин и етерични масла.

Секојдневно треба са се консумираат и производите од пчела – мед, поленов прав, матична млеч бидејќи претставуваат вистинска ризница на ензими и други нутритивни елементи.

Наведените производи се богати со минерали и витамини кои го јакнат имунитетот, уништуваат вирусот на грип, забрзуваат метаболизмот, ја зголемуваат енергијата и издржливоста, како и отпорноста на стрес и болести.

Кога станува збор за зајакнување на имунитетот најдобри резултати се постигнуваат доколку се консумира мешавина на основа на мед, лук, борови иглички, цимет и тегавец.