Зошто не би можеле да и’ одолеете на храната? Препознајте ги причините поради кои премногу јадете и ќе ги зголемите своите изгледи успешно да ја спроведете својата диета.
Ослабете едноставно. Само јадете помалку и бидете повеќе физички активни. И килограмите сами ќе се топат. Да е барем така! Но, реалноста е поинаква. Знаете премногу за здравата исхрана и за тоа дека треба да бидете активни, но секогаш има ситуации, стравови, емоции, негативни мисли и добрата стара здодевност кои го поттикнуваат гладот. Еве како да ги победите тие саботери на слабеењето.
Откријте ги причините
Бројни се причините поради кои претеруваме во исхраната. Храната ни е утеха кога сме уморни, лути, вознемирени, под стрес или кога ни е здодевно, тешко ни е да препознаеме кога сме сити. Чувствуваме дека сме дебели и на тоа чувство реагираме со понатамошно прејадување или едноставно премногу сме преокупирани со храната. Опседнатоста со храна е посебен проблем за луѓето кои психолозите ги објаснуваат како “врзани во чвор“. Поради нездравото нагласување на денешното општество на витоста “врзаните во чвор“ постојано се ограничуваат во јадењето за да бидат слаби. Но, истражувањата покажуваат дека кај нив постои уште поголем ризик да се прејадат, посебно ако јадат забранета или “лоша“ храна. Тоа води во чувство на вина и самопрезир, по што следува строга диета – се’ додека не потклекнат на искушение.
Разбивање на кругот – „прејаденост – диета“
Ослободувањето од маѓепсаниот круг “прејаденост – диета“ е клучна стратегија во победата на претерувањето во исхраната. Доведувањето во ред на навиките во исхраната, пред да се обидете да ослабнете, е паметно потрошено време. Искористете го нашиот водич и не престанувајте, па дури и ако ви стане напорно.
Водете дневник
Многу е важно да водите дневник на исхрана. Ви помага да станете свесни не само за она што го јадете туку и зошто претерувате во исхраната. Искористете го дневникот за препознавање на проблематичните подрачја, и испланирајте како ќе ги решите. Обрнете внимание на “меѓузалак од навика“, на пример посегнување по храна кога се враќате дома од работа во празен стан, додека седите во автомобил, по караница, кога се чувствувате дебели. Набавете мал нотес кој можете да го носите со себе и запишувајте: што јадете; каде се наоѓате додека јадете; сите чувства или мисли; доаѓа ли гладот од желудникот или е поврзан со емоциите.
Препознајте го гладот
На прашањето зошто држите диета, жените даваат различни одговори: здодевност, незадоволство, лутина, среќа, глад. Но, најголем број од нив се сложуваат дека гладот е најмала причина поради која јадат.
Ретко се знае дали тоа е затоа што долго време држат диета и не можат да го препознаат вистинскиот глад, или нивните прехрамбени навики не им допуштиле да се навикнат да јадат како одговор на гладот. За да го препознаете гладот, обидете се да се категоризирате како емоционални или телесни. Наредниот пат кога ќе посакате да јадете, застанете и размислете. Запрашајте се: Кога последен пат јадев? Од каде доаѓа гладот кој го чувствувам?
Ако сте јаделе во последните три или четири часа, запрашајте се, што ве тера на јадење. Во дневникот за исхрана, запишете што сте заклучиле, или како се чувствувате. Ако и понатаму чувствувате желба за јадење, обидете се со некоја метода за свртување на вниманието.
Свртување на вниманието
Ако чувствувате потреба да се прејадете, некоја друга активност може да ви го одвлече вниманието. Што подолго го игнорирате фактот дека ви се јаде, толку повеќе желбата ќе ви се намали. Во дневникот на исхраната запишете попис на можности за разонода во моментите кога ќе почувствувате глад. Бирајте активности со кои сакате да се бавите или во кои уживате – тоа подразбира што повеќе акција – толку повеќе делотворност. На пример: телефонирајте или посетете ја пријателката; излезете на прошетка или возете велосипед ( без паричник); дозволете си долго опуштање во купка; испеглајте го купот испрани алишта; опуштете се во својата омилена задача.
Бидете позитивни
Ако потклекнете и се прејадете, една од најтешките психолошки бариери која може да ве совлада е чувството на неуспех. Една грешка, и веќе совеста ги рецитира своите забелешки: „се преждрав, па има ли смисла да престанам да јадам“, „пак не успеав да издржам“, или „никогаш нема да успеам да ослабам, па зошто воопшто се трудам“. Ако се омаловажувате, се уверувате дека ситуацијата е полоша отколку што е, или поставувате некои нереални цели, тоа значи дека размислувате негативно. Трикот е во тоа малодушноста да ја замените со позитивни мисли, кои ќе го спречат незадоволството до кое сте стигнале. Секоја диета има свои кризи. Искористете ги храната и чувството на презир поради прејаденост, за полесно да се спротивставите на негативните мисли.