Пробајте ги ефикасните третмани за нега на нокти на природна основа.
Сончогледово масло
Во едно стаклено шише ставете 0,6 дл. сончогледово масло, пет капки витамин А и четири капки тинктура од јод, потоа промешајте. Со оваа течност мачкајте ги ноктите два пати на ден.
Маслиново масло
Третманот со омега киселини е вистински благослов за ноктите. Доволно е околу десет минути да ги држите ноктите во млако маслиново масло. Терапијата се повторува секој втор ден, се додека ноктите не станат повторно цврсти и мазни.
Растително масло
Во еден сад ставете млако растително масло и додадете пет капки сок од лимон. Со оваа течност натопувајте ги ноктите два пати неделно.
Кромид
Земете една главица кромид, исечкајте ја на половина и со неа секојдневно тријте ги ноктите. Од овој зеленчук исто така можете да го исцедите сокот и со истиот да ги триете ноктите.
Стоплете го млакото, па ставете ги рацете и држете ги така пет минути. Со овој третман се зајакнуваат и хидрираат ноктите, бидејќи млекото е полно со лактоза и природни алфа- хидроксилни киселини, кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата.
Праски
Измешајте една тврдо сварена жолчка и 4 гр пчелин восок, а потоа смесата лесно растопете ја на пареа и додадете малку масло од праски. Мешајте додека не добиете кремаста маса, а потоа оставете да се олади и соберете ја во една тегла. Вака добиената крема нанесете ја на ноктите секоја вечер, а потоа навлечете памучни ракавици.