Листа на најдобрите кардио вежби и количина на согорени калории за еден час

Експертите препорачуваат 30 до 60 минути вежбање секој ден. Ова може да помогне во контролата и намалувањето на телесната тежина, во превенцијата на срцевите болести и во подобрувањето на силата и издржливоста. Со толку многу опции, луѓето се прашуваат која вежба согорува најмногу калории.

02wr

Следува листа на најдобри вежби и количина на согорени калории за еден час:

Трчање

Трчањето е најдобра вежба што може да ја направите за согорување на вашите калории. Ако трчате со брзина од 12 км/ч ќе потрошите 986 калории за еден час. Ако додадете спринт или угорница се трошат уште повеќе калории.

Ролерки

Иако возењето ролерки беше популарно во 80-те, сеуште се рангира меѓу вежбите кои трошат најмногу калории. Со еден час возење на ролерки ќе согорите 913 калории.

Скокање со јаже

Многу луѓе скокале со јаже кога биле деца, но со инкорпорирањето на оваа вежба во дневната рутина ќе согорувате по 730 калории за еден час вежбање. Еден час може изгледа многу, но можете да вежбате и само 10 минути и ќе потрошите 122 калории.

03wr

Степер

Степерот согорува 657 калории за еден час и е добра вежба за зајакнување на долниот дел од телото.

Џогирање

Брзото трчање согорува многу калории, но и бавното џогирање со темпо од 8 км/ч може да согори 584 калории за еден час.

Пливање

Пливањето е одлична важба за целото тело бидејќи се вклучени сите мускули. Речиси сите стилови на пливање ќе ви согорат 511 калории за еден час. Исто така пливањето е и неконтактен спорт што значи е безбеден и ефективен за вашите зглобови.